Македонскиот скијачки спорт има и свои светли точки, како најновата медалистка 16 годишната Јана Атанасовска.
Таа на вчерашната трка во Пасо Оклини (Италија) во својата прва сезона на меѓународни ФИС натпревари запиша уште еден рекорд во историјата на македонското женско скијање.
Во силна конкуренција од вкупно 74 натпреварувачки, во слало трката оствари 52 ФИС точки – што е фантастичен резултат со кој се пласираше на 2-ро место во категорија до 18 години. Инаку таа е на 6-то место во финалниот пласман.
Ова е најголем историски успех на нашата скијачка надеж Јана Атанасовска (16).
Искрени честитки до Јана и нејзиниот тренер Александар Атанасовски за постигнатите резултати!