Македонската фудбалска легенда Горан Пандев доби „Златна бубамара на популарноста“ за спортска легенда на 26-то издание на оваа манифестација која се одржа неделава.
Игор Џамбазов му посвети и песна во негов стил, односно ја преработи песната на Ману Чао „Ла вида Томбола“ посветена на Марадона, но на македонски посветата отиде кај Пандев.
– „Ова е приказна за едно младо момче кое од под Беласица стигна до легендите“ вака започна со песната Џамбазов:.
https://www.youtube.com/watch?v=y4DeWFeVO3c
Кога Пандев се појави на сцената публиката го поздрави со стоечки овации и аплауз, а тој се пошегува: „По 8 месеци во пензија ме фати трема пред толку голема публика“.