Денес светот го одбележува Меѓународниот ден на среќата. Обединетите Нации на 28 јуни 2012 година одлучија секоја година на 20 март да се прославува Денот на среќата, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет.
Веќе 10 години светот го прославува овој ден кој треба да не’ потсети дека среќата е љубовта, емпатијата и сочувството кон други, стремеж кон исполнет живот, ослободен од страв и бедност и во хармонија со природата… Кога придонесуваме за општото добро, ние сме побогати.
Денот на среќата ја сигнализира важноста да се оди подалеку од концептот БДП како мерка за прогресот, туку среќата на човекот, поединецот.
Имајте среќен ден, сега и секогаш!