Потсетуваме на единствениот лекар специјалист од општа пракса во Медицинскиот центар во Гевгелија оформен 1971 година, д-р Александар Сингер.
Пружел здравствена грижа за граѓаните од општина Гевгелија заедно со медицинскиот тим составен од 1 медицинска сестра, 1 акушерка, 2-ца болничари, 2 хигиеничари и 4-ца административци вработени во МЦ.
Во 1985 Медицинскиот центар брои 400 вработени.
Александар Сингер целиот свој работен век го посвети во служба на здравјето на гевгеличани. Толку беше посветен што се самоедуцираше за новините во медицинската наука снабдувајќи се сам со стручна литература, зошто тогаш немаше семинари спонзорирани од фармацевски компании.
Се’ што имаше во животот и’ остави на гевгелиската Болница – тоа е вредната медицинска литература од приватната библиотека во неговиот докторски кабинет.
Доктор, господин, полн со емпатија кон секој болен, но и кон луѓето воопшто.
Гевгелија е среќна што имаше таков посветен здравствен работник за своите жители, на располагање и дење, и ноќе, и со запрежна кола ги посетуваше болните по селата од околијата.
Огромна благодарност и вечен спомен до ова големо хумано човечко срце, д-р Сингер.
Среќен ден на здравството до сите здравствени работници!