сабота, 10, јуни 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Македонија го превзема Благодатниот оган директно од Ерусалим

Ова е историски чин за граѓаните на Македонија и се случува веднаш по воведувањето во канонско единство и признавање на нашата света црква, со што Македонија го превзема Благодатниот оган директно од Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим

април 15, 2023
in MАКЕДОНИЈА
Македонија го превзема Благодатниот оган директно од Ерусалим
0
SHARES
251
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денеска напладне во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел започнува церемонијата „преземање на Благодатниот оган во Ерусалим”, на која за прв пат свое учество има македонско-црковна делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски.

На овој голем чин кој се одржува секоја година на Велика Сабота има претставници од повеќе држави кои со владини и црковни почести, го пренесуваат светиот оган во своите земји, а вечерва тој директно од Ерусалим ќе ги осветлува светите храмови во Македонија.

Related posts

Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

јуни 9, 2023
(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

јуни 8, 2023

– „Ова е историски чин кој се случува веднаш по воведувањето во канонско единство и признавање на нашата света црква, ова е прва година во којашто директно од Храмот со благослов на Патријархот Ерусалимски, ќе можеме да го преземеме огнот и да го однесеме во Македонија.
Секако дека е ова значајно за верата, значајно е за државата, за нашите граѓани, значајно е за нашата црква која веќе се вбројува во големото православно семејство“, изјави Спасовски.

Македонската делегација синоќа присуствуваше на вечерната служба. Тие се поклонија на гробот на нашиот Бог Исус Христос и со што е укажана голема чест и на државата и на македонскиот народ, на граѓаните кои живеат во нашата земја и секако на МПЦ-ОА.

Како член на делегацијата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска изрази задоволство што оваа година за прв пат нашата држава ја има честа директно да присуствува на церемонијата на „преземање на Благодатниот оган“ директно од Ерусалим.

Македонската државно-црковна делегација присуствуваше на утринската богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим на која чиноначалствуваше Неговата светост, Патријархот Ерусалимски Теофил. Во пладневните часови се одржува церемонијата на „преземање на Благодатниот оган“ во Базиликата на Светиот Гроб.

Благодатниот оган ќе пристигне денеска во Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, е предвидена вечерва, во 20.00 часот, со директен пренос на МРТВ.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Велики петок испочитуван од верниците во Гевгелија

Next Post

Црковните храмови подготвени за „Воскресение Христово“

Next Post
Црковните храмови подготвени за „Воскресение Христово“

Црковните храмови подготвени за „Воскресение Христово“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Посветени и хумани за самохраните родители – Пиљара „Кај Кецот“

Посветени и хумани за самохраните родители – Пиљара „Кај Кецот“

4 месеци ago
Се асфалтираат ископите на улица  „Моински пат“

Се асфалтираат ископите на улица „Моински пат“

3 месеци ago
Сè уште се бориме! – Во чест на Меѓународниот ден за пациентите со ПХ и најхрабрата пациентка од Гевгелија Ѓургица Ќаева

Сè уште се бориме! – Во чест на Меѓународниот ден за пациентите со ПХ и најхрабрата пациентка од Гевгелија Ѓургица Ќаева

1 месец ago
ЧЕСТИТ 24-ти Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј

ЧЕСТИТ 24-ти Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј

2 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023
  • ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!
  • Гевгелиски ученици од угостителска струка освоија 10 медали

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

јуни 10, 2023
ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

јуни 10, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist