Велигденските вапсани јајца се традиционално обележје на Велигденската трпеза. Ако сакате да го промените вкусот на задоволството со оваа намирница, Ви предлагаме вкусна салата која ќе го збогати празничното доживување со семејството, со гостите.
Интересната комбинација на состојки како ананас, варени јајца и шунка го прават ова мезе едноставно неодоливо и идеално за празнична велигденска трпеза. Ќе го направите за помалку од половина час, а можете да го послужите и како оброк.
Состојки:
– 6 јајца
– 6 парчиња конзервиран ананас
– 100 гр. прашка шунка
– 200 гр замрзната пченка
– 1 целер
– 2 супени лажици јогурт
– 2 лажици мајонез
Подготовка:
Сварете пченка (или една мало пакување конзервирана пченка) и јајца. Исечкајте ја шунката и изрендајте го целерот. Во сад измешајте ги ситно сечканите јајца, пченката, шунката, сечканиот ананас и целерот. Додадете јогурт и мајонез, а потоа посолете и побиберете. Се добро измешајте.
Се сервира и се ужува. Добар апетит!