Плодовите на калинката уште не стасале, ама новите хористи на Детскиот фестивал „Калинка“ стасаа со пробите и конечно ја снимија насловната песна на фестивалот „Еј калинке, калинке“.
„Ти си детска насмевка,
црвено насмеана,
жив цвет пеперутка,
меѓу гранки слетана.
Еј калинке, калинке,
моме здраво лично,
како тебе овошје
нема друго слично“
Вака пеат детските грла на младите гевгелиски хористи од снимањето на авизото. Сите се горди хористи, учесници на обновениот детски фестивал „Калинка“ и ќе ги гледаме на сцена на 2-5 јуни годинава.
А сега погледнете со која леснотија пеат и уживаат: