Ново пукање вечерва ја потресе Србија. Во селото Дубона кај Младеновац, пренесува новинската агенција Танјуг. Порталот „Телеграф“ првично јави дека пријавата во полиција пристигнала вечерва, кратко по 23 часот.
Последните информации од српските медиуми се дека во пукањето во Младеновац вечерва 21 годишниот Урош усмртил 10 лица и ранил многумина низ двете селе низ кои бегал. Првично отворил оган во училишниот двор каде претходно имал расправија. Застрелал и убил 20 годишен полицаец и неговата сестра, но продолжил да пука и кон сите кои му се нашле на патот.
Според очевидци жртвите мирно седеле на клупа кога почнал крвавиот поход. Мештаните се во шок и очај! Голем е и бројот на повредени бидејќи момчето пукало и бегајќи со автомобил низ две села во близина на Младеновац.
Се стравува дека може да и има повеќе жртви, а според неофицијални информации меѓу ранетите има и деца.
Повеќето од ранетите се пренесени во Белград
На 8 ранети од Младеновац им е укажана помош во Ургентниот центар во Белград, 1 лице во Смедерево, а 2 пациенти во КБЦ „Драгиша
Полициската потера по У.Б.(21) е во тек. Според неофицијални информации на Курир, напаѓачот пукал и во село Шепсина додека полицијата го бркала. Медиумите споделуваат фотографија од 21 годишниот Урош.
Наводно, тој избегал со возило „мерцедес“ од кое и пукал најверојатно со автоматска пушка.
Полицијата ги блокирала излезите од Белград.