На вчера одржаното Државно првенство во тенис на терените во Прилеп, ученичката од СОУ,,Јосиф Јосифовски” Ивана Грујиќ го освои Првото место.
На турнирот се натпреваруваа осум натпреварувачки во женска конкуренција. Ивана Груиќ до медалот стаса со победа од 2:0 (4:2 4:2) над Ристова Д. со убедлива победа од 2:0 над Николова Н. со 4:0; 4:0 и сигурна победа во финалето против Мано К. со 1:4 ; 4:0.
Ментор на сега веќе државниот првак во тенис за жени на Македонија Ивана Груиќ е професорот по физичко воспитување при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, Влатко Сменаков.
Оваа победа заслужува честитки и потстрек за напредок и понатаму во спортот.