Точно напладне во центарот на Гевгелија матурантите ид СОУ ,,Јосиф Јосифовски” генерација 2022/2023 го одиграа ,,танцот на зрелоста” заедно со уште 1500 учесници во градовите Скопје, Охрид и Струга.
Матурскиот танц гевгелиските матуранти денес го одиграа во идентично време, на пладне, заедно со матуранти од уште пет европски земји Словенија, Србија, Црна Гора, Словачка и Унгарија.
Оваа традиција на јавна танцова изведба на „квадрил“ во Гевгелија се повторува по пауза од 4 години. Корона епидемијата ги спречи јавните собирања, а подоцна од превентива тие не се изведуваа, се’ до годинава на среќа на матурантите од оваа генерација кои со танцот пружија забава и атрактивна танцова точка пред бројнаа гевгелиска публика.