Денешниот празничен ден 24 Мај се одбележува како ден на светите браќа Кирил и Методиј, признаени како сесловенски просветители изразена преку нивната мисија меѓу словенските народи во IX век, кога ја создале првата азбука – глаголицата, од која подоцна ќе се создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.
Тие го поставија темелот на писменоста како наше основно културно и национално обележје. Придобивките кои ги имаме денеска јазикот, писмото и културата се огромен долг со кој не’ задолжија и наша обврска е да ги негуваме и заштитиме.
Државни делегации денеска положија цвеќе на спомен обележјата на браќата просветители, а бројни институции што го носат нивното име одбележуваат патронен празник со пригодни свечености и културни програми.
Нека е честит и вечен споменот за нив -Рамноапостолните браќа Св. Кирил и Методиј -патрони на првиот државен Универзитет во Македонија и на бројни училишта и образовно- културни установи во државата.
Имајте убав празничен ден!