Младите фудбалски надежи на ФК„Кожуф“ од Гевгелија, генерација од 2012 година од вчера настапуваат на Меѓународниот турнир „Далматинко” што се организира во Сплит, Хрватска.
Тие вчера ги одиграа првите два натпревари со противниците од екипи учеснички. Меѓународниот фудбалски куп „Далматинко 2023“ годинава собра на едно место 180 екипи и преку 3000 деца.
На првиот одигран натпревар против екипата на ДУ „Талент“ гевгелиските фудбалски јуниори реализираа победа од 0 : 2. Стрелци: Филип Лазаров и Душан Петров. Вториот натпревар го играа против екипата на „Спалато“ од Сплит и постигнаа уште една победа со резултат 7 : 2.
На овој турнир нашите јуниори ќе имаат можност да играат со гигантите како: Динамо Загреб, Хајдук Сплит, Шибеник, Домжале, Астана, Војводина, Сараево и тн.
Гевгелиското раководство на „Кожуф“ ги испрати своите јуниори на меѓдан со балканските јуниори и им посака успех во фудбалското претставување на нашиот клуб и нашиот град. Среќно!