Големо невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево го зафати Велес.
Улиците се претворени во реки, а возилата едвај се движат по коловозите.
Граѓаните на Велес повикуваат на помош за расчистување на наносите од поројниот дожд по улиците. Засега нема пријави за претрпени штети, веројатно локалната самоуправа тоа ќе го овозможи во ткот на утрешниот ден.
Од УХМР најавија дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи, и во наредните денови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
Вака изгледаат после невреето улиците во Велес попладнево.