Голем атлетски Меѓународен митин за пионери до 14 години се одржа вчера воСкопје во организација на Атлетскиот клуб „Аеродром“ од Скопје на патеката покрај Вардар.
По тешката, влажна и лизгава патека на кејот на реката Вардар во населба Аеродром, по трет пат годинава не израдува со ПРВО место, младиот атлетичар од Стојаково АНТОНИО АРАКАБАКОВ на патеката од 800 метри.
Трката на 800 метри Антонио ја истрча во претпазлив ритам на кој се внимаваше да не дојде до лизгање и тоа за феноменални 2:29 минути и освоено ПРВО место!

На Меѓународниот крос кој се одржува по втор пат во Скопје со интенција да стане традиционален атлетски настан кај нас, настапија атлетичари од шест атлетски клубови од Македонија, Србија и земји од регионот, клубовите: AK „Смедерево“ (Србија), АК „Аеродром“ (МКD), АК „Делта“, АК „Камјани“, АК Лириа и АК „Кираџиев“.
Меѓународниот крос собра пионери родени во 2013 до2019 година. Се натпреваруваа во дисциплините: 100, 200, 400, 800 метри и Мешана штафета 400-300-200-100 метри (две машки и две женски). Се трчаше по тревнатиот дел на кејот на реката Вардар.
Антонио на свои 13 години стаса ПРВ на трката од 800 метри, а во истата категорија го држи и републичкиот рекорд за пионери на Македонија.

Антонио учествуваше на Меѓународниот пионерски крос и во 2024 година како тазе член на АК „Аеродром“ со трансфер од АК „7 Ноември“ Гевгелија и овде постигна победнички резултат и се искачи на највисокиот подиум.

Честитки за атлетската надеж на Македонија, Антонио Каракабаков од Стојаково, спортски ученик на тренерот Тоше Анчев, член на „Школата за атлетика“ на АК „7 Ноември“ Гевгелија, а сега спортска атлетска надеж за рекорди на АК „Аеродром“ Скопје.



















