Вчера попладне полициските службеници од Гевгелија лишиле од слобода млад возач од општина Гевгелија кој возел 77 километри на час повеќе од дозволеното. Возачот имал 27 години. За настанот во полицискиот билтен е наведено следново:
– „На 09.12.2025 во 15:35 часот на регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.К.(27) од с.Прдејци, гевгелиско. При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека управувал патничко возило „Фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 137 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 60 километри на час“ – се наведува во извештајот од МВР.
По целосно документирање на настаните, против младиот возач ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.



















