четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЖИВОТЕН СТИЛ

Пепика Јаневска од Гевгелија – економист кој креира празнична магија

Пепика Јаневска е 24 годишна девојка од Гевгелија, дипломиран економист која својата претприемачка иницијатива ја претворила во креативен бизнис создавајќи го брендот „Sparkle.mk“ и усреќувајќи многу од своите клиенти

декември 8, 2025
in ЖИВОТЕН СТИЛ
Пепика Јаневска од Гевгелија – економист кој креира празнична магија
0
SHARES
2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Пепика Јаневска е 24 годишна девојка од Гевгелија, дипломиран економист која својата претприемачка иницијатива ја претворила во креативен бизнис создавајќи го брендот „Sparkle.mk“ и усреќувајќи многу од своите клиенти.
Производите кои ги осмислува, креира и изработува се наменети за празнични, убави семејно моменти и носта многу адоволство во текот на работата. За себе вели:

– „Деновиве, секое мое утро во работилницата започнува со чај, пораки и се радувам на првите празнични нарачки што пристигнуваат 🤍🎄 Се потсетувам колку е убаво кога секој мал пакет носи насмевка некому 😊🎅🏻 Овој период ми е најубав 🐿️ Целата работилница мириса на чај, пакети и љубов 💛🎁, а часовите поминати во изработка ме потсетуваат дека највредни се работите направени со љубов и внимание 💫 Секој производ оди со делче од моето срце ❤️, затоа што знам дека ќе стигне до некого што ќе се насмевне 🎄“ – вели Пепика. Погледнете и самите за да и’ поверувате:

Related posts

ФОТО: Пријатни спомени од Дојран

ФОТО: Пријатни спомени од Дојран

август 5, 2026
ВИДЕО: Добрила Чабриќ- Дојран е злато! Дојран е за мене терапија!

ВИДЕО: Добрила Чабриќ- Дојран е злато! Дојран е за мене терапија!

јули 25, 2026

– „Идејата за Sparkle се роди сосема спонтано пред една година, од мојата љубов кон празниците и желбата да создадам нешто светкаво и топло што ќе го донесе тој божиќен дух во домовите. Името Sparkle го избрав затоа што сакав да симболизира светлина, блескава атмосфера и празнична магија, нешто што веднаш асоцира на декември“ – вели Пепика за crnobelo.

Она што ја издвојува од останатата понудана пазарот е тоа што се обидува секој производ да изгледа како мало уметничко дело, а не само како украс. Пепика се труди да биде естетски, чисто и квалитетно изработено, но и да носи емоција. Луѓето го чувствуваат тоа, и токму тоа е нејзиниот препознатлив печат.

Нејзините производи се најчесто персонализирани новогодишни лампиони кои ги греат лицата на најмалите, со нивните имиња, или желби за Нова година.

Пепика вели „Обично купувачите сами си ги избираат боите, буквите, додатоците или стилот. Сепак, има и такви што ми велат: „Оставам на тебе, направи го да биде најубаво“. Мој совет секогаш е лампионот да се вклопи во боите на нивната елка и во стилот на домот – така секогаш изгледа најхармонично и најдекоративно. А ако некој не може да се одлучи, со задоволство го водам низ идеи и комбинации што ќе му одговараат“ – вели гевгелиската креаторка на празнична магија и семејна хармонија.

– „Многумина ми пишуваат дека подарокот ги разнежил, дека детето било пресреќно, дека личниот детаљ направил голема разлика. Тие искрени моменти и пораки ми значат најмногу. Ме мотивираат секој ден да започнам со нова идеја, нова декорација и уште повеќе љубов кон работата“.

Погледнето видео како Пепика ги создава своите празнични креации:

🎄Новогодишниот период носи чувство на надеж, нови почетоци и магија во малите детали, затоа овие декорации се создадени да внесат топлина, природност и празничен сјај во домот, како што е Празничната колекција комбинира рачно изработени гипсени калапи и свеќи од 100% природен пчелен восок, создадени со посебна грижа и внимание.💛

Вака изгледа претпразничната креативна динамика на гевгелиската креаторка на празнична магија. Има време за исполнување на уште желби и персонализирани нарачки. Пишете и’, нарачајте Ваш персонализиран украс за радост на семејството, за радост на саканите!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Огромен успех на „Приказната за Силјан“ – награди за најдобар филм и камера на IDA во Лос Ангелес

Next Post

Антонио Каракабаков – ПРВ на 800 метри на Меѓународен крос за пионери

Next Post
Антонио Каракабаков – ПРВ на 800 метри на Меѓународен крос за пионери

Антонио Каракабаков - ПРВ на 800 метри на Меѓународен крос за пионери

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Пратеничко прашање на Костадинова за вработените во здравството

4 години ago
ВИДЕО: 55 години од историското слетување на Аполо 11 на Месечината

ВИДЕО: 55 години од историското слетување на Аполо 11 на Месечината

2 години ago
Општина Гевгелија одобри 200.000 денари за помош на Турција и Сирија

Општина Гевгелија одобри 200.000 денари за помош на Турција и Сирија

3 години ago
ВИДЕО: Одржана манифестацијата „На сред село во Негорци“

ВИДЕО: Одржана манифестацијата „На сред село во Негорци“

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist