Од вчера попладне во центарот на Гевгелија започна претпразничниот амбиент со отворениот Новогодишен Базар и учесниците изведувачи на култури и забавни програмски точки.
Најавуваниот Дедо Мраз и овој пат не дојде во Гевгелија, ама дојдоа “мразиците” – членките на студиото “Мystic dance” и ја раздвижија, развеселија, ја исполнија со музика и ритам атмосферата во центарот на градот. Нивниот танц го најави почетокот на 6 дневниог Новогодишен базар на т.н. плоштад „Фонтана“ во Гевгелија кој ќе трае се’ до 31 декември. ✨️🎄🎆🎊 Уживајте!
Овде се и отворените штандови со домашни и рачни изработки на: ЗГ „Мобилност“, на Центарот Мајка Тереза, на ООУ „Крсте Мисирков“, на ООУ „Владо Кантарџиев“. Сите изработки се продаваат по пристојни цени, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за помош на сиромашни семејства со мали деца и за малата Михаела која боледува од ретката болест МојаМоја и ја очекуваат две операции во Русија за да го закрепне своето здравје и нормално да расте.

Посетете го Базарот и подарете малку хуманост!



















