Аптеки „Флос Фарм“ со седиште во Гевгелија е фармацевтски ланец од 25 аптеки ширум државата и во својот 18 годишен деловен растеж претставува фактор во служба на здравјето на граѓаните.
Фирмата е формирана во 2007 година кога се отворени првите две аптеки во Валандово од страна на гевгелискиот сопственик, инвеститор и управител Александар Попов.
Во 2021 година на негова одлука седиштето на фирмата се сели во Гевгелија кога започнува и ширењето на ланецот аптеки низ државата.
Отворени се и функционално активирани уште 23 аптеки низ државата, најпрво во Гевгелија 4 аптеки, вклучително и село Негорци, во Валандово оворена е уште една аптека и сега има вкупно три, Струмица две аптеки, Радовиш една аптека, Штип (1), Гостивар три аптеки, Скопје 5 аптеки, општина Чашка една аптека, Кавадарци, Неготино и Демир Капија со по една аптека на „Флос Фарм“.

Овој грандиозен ланец на здравјето функционално го движат 86 вработени, под раководство на управителот и сопственик Александар Попов, Надица Џалева директор на финансии, тројца сметководители, правник, медицински директор, сектор за набавка и сектор за продажба. Со ваквиот организиран деловно-медицински надгледуван просец на набавка и продажба на медикаменти ланецот аптеки „Флос Фарм“ го доби епитетот „ФЛОС ФАРМ – Аптеки на кои им верувате!“
Деновиве аптекерскиот ланец објави Оглас за вработување на две работни позиции:
– сметководител (1 извршител) и
– правник (еден извршител).
Заинтересираните може да испратат свое CV на меил: hr@flospharmacy.mk или да се јават на телефон 075 / 417-111.

Бидете дел од тимот кој со аптекарска стручност создава граѓанска емпатија и општествен круг на голем број задоволни пациенти и клиенти.
Брзорастечката фармацевтска компанија „Флос Фарм“ од Гевгелија го продолжува патот на успехот благодарение на претприемачкиот дух и деловна иницијатива на секогаш ангажираниот управител и сопственик Александар Попов, човек со голема визија, стручност и знаење кој своите успеси ги ориентира пред се’ од задоволните пациенти.
На „Флос фарм“ им посакуваме да продолжат да напредуваат во служба на здравјето на граѓаните, на апликаните за вработување им посакуваме да станат дел од тимот на успешната компанија „Флос Фарм“, на пациентите им посакуваме добро здравје во Новата Година и подготвени за зима со секогаш спремните и услужни од тимот аптеки на „Флос Фарм“.




















