четврток, 1, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

dm и оваа година е дел од Светската недела на доењето

Организирана е богата едукативна програма од „Бебелогија – Школo за трудници и доење“, „Доење со љубов“ и „Јуниор Мед“ со поддршка, едукација и подароци за посетителите

август 6, 2026
in ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
dm и оваа година е дел од Светската недела на доењето
0
SHARES
26
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Настаните по повод Светската недела на доењето, кои започнаа на 1 август со онлајн активности, од 4 август продолжуваат во хотел „Мериот“ во Скопје со богата едукативна програма организирана од „Бебелогија – Школo за трудници и доење“, „Доење со љубов“ и „Јуниор Мед“. Како поддржувач на иницијативи што придонесуваат за едукација и поддршка на семејствата, dm и оваа година е дел од настанот со свој штанд, каде посетителите ќе можат да се запознаат со производите од dm марките наменети за мајки и бебиња. За сите посетители, dm обезбедени и пригодни подароци, како дополнителен знак на внимание и поддршка. За присуство на предавањата и интерактивните работилници потребна е претходна пријава на мејл адресата: doenjesoljubov@yahoo.com, а бројот на места е ограничен.

Светската недела на доењето традиционално се одбележува од 1 до 7 август под мотото „Доење за одржлив почеток на животот: да го зајакнеме она што докажано функционира“, со цел да се подигне свеста за важноста на доењето, да се поттикне информираноста за неговите придобивки и да се обезбеди стручна поддршка за идните и сегашните родители. Првите три дена од програмата беа посветени на онлајн активностите „Поддршка за доењето“, преку кои беа споделувани инспиративни доенечки приказни и искуства на социјалните мрежи.

Related posts

Во Македонија 54% од населението се пушачи

Во Македонија 54% од населението се пушачи

октомври 1, 2026
Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

септември 27, 2026

Од 4 до 6 август, програмата продолжува со физичко присуство во хотел „Мериот“, каде посетителите имаат можност да проследат предавања и интерактивни работилници со домашни и меѓународни експерти. Темите опфаќаат доење во првите денови по породувањето, лактација, исхрана на мајката и бебето, придобивките од мајчиното млеко, поддршката на родителите на предвремено родени деца, како и развојот на детето и најчестите предизвици со кои се соочуваат мајките во периодот на доење. Во рамки на програмата ќе се одржат и интерактивни работилници, а свое предавање ќе има и интернационалната експертка Кетрин Вотсон Џена која е меѓународно сертифициран консултант за лактација (IBCLC).

Целосната програма со распоредот на сите предавања и работилници е достапна на следниот линк. Одбележувањето на Светската недела на доењето ќе заврши на 7 август со онлајн активности под мотото „Зајакнување на она што докажано функционира“, преку кои ќе бидат споделени едукативни видеа, корисни совети и материјали за преземање на социјалните мрежи @doenje_so_ljubov и @bebelogija.

Со учеството во Светската недела на доењето, dm продолжува да поддржува иницијативи што придонесуваат за едукација, информирање и поддршка на родителите, со цел да се поттикне поголема грижа за здравјето и благосостојбата на мајките, бебињата и нивните семејства.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ФОТО: Пријатни спомени од Дојран

Next Post

Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

Next Post
Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Браќата Узунчеви од Гевгелија и Антонио од Дојран – тројка од југот во кадетската ракометна репрезентација на МК

Браќата Узунчеви од Гевгелија и Антонио од Дојран – тројка од југот во кадетската ракометна репрезентација на МК

4 години ago
Влатко Семенаков – ВИЦЕШАМПИОН на Акватлон 2026 во Охрид

Влатко Семенаков – ВИЦЕШАМПИОН на Акватлон 2026 во Охрид

1 месец ago
Обвинение за пратеникот од Гевгелија за сообраќајката со смртни последици во Марино

Обвинение за пратеникот од Гевгелија за сообраќајката со смртни последици во Марино

10 месеци ago
„За нашите мали херои“ – Хуманитарна акција на Фондацијата „Ице Бегов“

„За нашите мали херои“ – Хуманитарна акција на Фондацијата „Ице Бегов“

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи
  • Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Во Македонија 54% од населението се пушачи

Во Македонија 54% од населението се пушачи

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist