Несреќата се случила вчера на Железничката станица во Гевгелија, при што едно лице е пренесено во болинца.
Тешко е повреден мигрант. кој настрадал од струен удар откако се качил на товарен воз кој бил на пругата кај Железничка станица Гевгелија. Повредениот мигрант бил итно пренесен во болница, соопшти МВР.
– „На 01.07.2023 во 14:57 часот во СВР Струмица е пријавено дека на железничка станица Гевгелија, на еден од вагоните на товарен воз се качило едно лице (мигрант), по што настанал струен удар. Од екипа на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Општата болница-Гевгелија“, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.