Малото девојче ЛУНА од Гевгелија се бори со сколиоза во последен стадиум, болест која е животно загрозувачка, поради што треба да се закаже итна операција во странство, во „Аџибадем“ Р.Турција.
Операцијата е тешка, трае 15 до 18 часа, за кој период Луна треба да се одржува во живот со машини.
За сето тоа се потребни средства во износ од 63.400 евра само за операцијата, плус авионски билети за неа и за двајца медицински придружници, за престој во болницата, за најмалку две контроли на резултатите од операцијата. Нејзиното семејство ги нема тие средства, а подмолната сколиоза налага итност на оперативниот зафат, најдоцна до крајот на август, почтокот на септември 2023.
Деца од Гевгелија започнаа хумана акција со продавање крофни, слатки, лимонада за Луна за да ги соберат потребните средства. Гестот е убав, но потребна е уште помош во донирани финансиски средства
Луна прашува: „Мамо ќе успееме ли?“
Мајката на ЛУНА, упатува АПЕЛ до сите хумани луѓе: „Мораме да успееме во оваа битка за ЛУНА!“
Семејството на Луна побарало помош во Турција, од каде добиле конзилијарно мислење за Луна:
– „Пред два месеци бевме во Истанбул, лекарите ја видоа и ми рекоа дека мора да се собере конзилиум на лекари, да се направи скен и да се разгледа нејзината ситуација. Се виде дека е последен стадиум, органите од десната страна веќе се потиснати, не се развиваат, допираат до белите дробови, а штом допираат таму, може да дојде до смрт. А Луна е веќе во пубертет“, вели Елена Поп-Костова, мајката на Луна.
– „Се надевам дека ќе успееме. Сите сме во Божји раце. Помош имам од сите страни иако сумата е многу голема и не знам дали ќе успееме да ги собереме. Потребни се само 63.400 за операција, кои морам да ги пратам за да ми ја закажат операцијата. А тоа е најдоцна до септември. Остатокот до 80 илјади евра е за понатамошното лекување“, додава пожртвуваната мајка на Луна.
Телефонските броеви за донации остануваат отворени:
A1 143-478
T-mobile 143-103
GoFundMe: https://gofund.me/45bc4a15