Царински службеници на граничниот премин „Богородица“ спречија недозволено внесување над 13,5 тони фреон кој е недозволив за употреба, бидејќи е штетен за здравјето на луѓето и животната средина.
Фреонот бил пренесуван во 1.150 боци за еднократна употреба, со товарно возило.
Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г.
Од Царинската управа на РСМ известуваат дека против лицата инволвирани во случајот се веќе поднесени кривични пријави до Основното Јавно Обвинителство за кривично дело „Недозволена трговија“.
Фото: Царинска Управа на РСМ