вторник, 16, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Изгаснат пожарот во близина на с.Ѓопчели

Пожарот изби во 15:30 часот, а екипа на ДППД Дојран заедно со 8-член тим од ТППЕ Гевгелија го изгаснаа пожарот во 19 часот

август 18, 2023
in ФОКУС
Изгаснат пожарот во близина на с.Ѓопчели
0
SHARES
325
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денеска попладне во 15:30 часот изби пожар во близина на патот кој води до селото Ѓопчели, Дојранско. Граѓаните на Ѓопчели загрижени за своите имоти и заканата од опожарување известија за присуство на чад во околината на селото на социјалните мрежи.

На теренот веднаш се упати тим од Доброволното портивпожарно друштво од Дојран кој интервенираше во гаснењето со едно ПП возило и тројца пожарникари/доброволци. Сувата трева и присуството на ветер беа фактори за ширење на пожарот и потреба од итна сеопфатна интервенција, поради што во акцијата за гаснење учествуваше и тим од ТППЕ Гевгелија со три противпожарни возила и 8 пожарникари. 

Related posts

По тешка сообраќајна несреќа  кај с.Богородица почина Саше Франгов

По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

септември 15, 2025
Лишени од слобода тројца грчки државјани на ГП „Богородица“

Лишени од слобода тројца грчки државјани на ГП „Богородица“

септември 13, 2025

После трииполчасовна интервенција на локацијата во 19 часот пожарот е целосно изгаснат, а тимот на ДППД Дојран и ТППЕ Гевгелија се повлекоа. На локацијата останаа само вработени на ШС „Кожуф“ Гевгелија да дежураат во текот на ноќта да не се создадат услови за разгорување на изгаснатите згаришта.

Претседателот на ДППД Дојран, Стојан Шулев за причините на пожарот обвини дека се работи за човечки фактор.

  • „ Веќе три дена извесни лица се обидуваат да предизвикат пожар на ова подрачје. Интервениравме синоќа во 23:30 и изгаснавме, интервениравме и завчера во попладневните часови. Еве денеска потпалувачите ја остварија намерата. Апелирам до граѓаните да бидат одговорни кон имотот на граѓаните и природниот имот кој припаѓа на сите нас“ – истакна за GevgelijaNet претседателот на ДППД Дојран, Стојан Шулев.

Во пожарот денеска изгоре нискостеблеста шума, прнар и сува трева. Ако не се интервенираше на време пожарот беше закана за имотите во с.Ѓопчели бидејќи беше само на 1 км од селото, а 5-6 км од туристичкото место Дојран.

Фото: Шенол Амедов – Ѓопчели во чад

ShareTweetShareSend
Previous Post

Кинезот кој пееше песни од Тоше во Пекинг, пееше и во Крупшево

Next Post

Венци Попов – Фиде мајсторот од Гевгелија, инспирација за шаховски меморијал

Next Post
Венци Попов – Фиде мајсторот од Гевгелија, инспирација за шаховски меморијал

Венци Попов - Фиде мајсторот од Гевгелија, инспирација за шаховски меморијал

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска казни со по 300 евра актуелни и поранешни министри, пратеници и директори

Антикорупциска казни со по 300 евра актуелни и поранешни министри, пратеници и директори

7 месеци ago
Осветена црквата „Св.Димитриј Солунски“ во Ново Конско, гевгелиско

Осветена црквата „Св.Димитриј Солунски“ во Ново Конско, гевгелиско

1 година ago
Во Гевгелија одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Во Гевгелија одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

10 месеци ago
ВИДЕО: Самоуверена убавина која победува

ВИДЕО: Самоуверена убавина која победува

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов
  • Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК
  • Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

По тешка сообраќајна несреќа  кај с.Богородица почина Саше Франгов

По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

септември 15, 2025
Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК

Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК

септември 15, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist