сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

Спасени и згрижени штркот од ГП „Богородица“ и штркот-талкач во Гевгелија

Штркот кој го заборави Пантелејмон и штркот-талкач по гевгелискиот асфалт се спасени и згрижени, благодарение на брзиот одзив на посветени наши сограѓани, љубители на животните

септември 2, 2023
in МОЗАИК, ФОКУС
Спасени и згрижени штркот од ГП „Богородица“ и штркот-талкач во Гевгелија
0
SHARES
7.8k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Штркот кој го заборави Пантелејмон и штркот-талкач по гевгелискиот асфалт се спасени и згрижени, благодарение на брзиот одзив на посветени наши сограѓани, љубители на животните.

Најзагрозен беше штркот-позер од ГП „Богородица“ кој после пет денови престој на тревникот на најфреквентниот премин во државата изморен и дехидриран на сончевото време, успеваше само да одговори на задачата позер пред љубопитните туристи и патници кои со радост од глетката го фотографираа.

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026

Штркот беше прибран од жител на Струмица, љубител на птици, кој за оваа спасувачка мисија дојде наменски во Гевгелија. Во акцијата за прибирање на птицата, ветеринарен преглед и организација на транспортот помогнаа: Надица Ѓурчилов, Ангел Каракабаков, Елена Ангелова, Александра Кочева, Ветеринарната амбуанта „ПроВет“ и Лени Соколова.

Штркот кој 5 дена позираше на ГП „Богородица“ кај Гевгелија ужива згрижен во дворот на неговиот спасител во Струмица

Поголема среќа за интервентно прибирање и згрижување имаше штркот-талкач по гевгелискиот асфалт кој беше забележан во четвртокот попладне како дезориентирано оди по улица во близина на Градскиот пазар во Гевгелија. Истиот ден попладнето, само некој час по објавата на нашиот портал штркот беше прибран од нашиот сограѓанин Пепи Епов од Гевгелија, а земен nа згрижување и престој од нашинецот Југослав, сопственик на Мото камп „Југо“, кој веќе има таква успешна спасувачка мисија со спасен штрк минатата година.
Штркот е сместен во домот на Југослав, во неговиот голем двор, нахранет е и се надеваме на брзо закрепнување.

Штркот-талкач беш виден во четвртокот претпладне на улица во близина на Градскиот пазар во Гевгелија, а совесни граѓани го прибраа, а потоа и згрижија во текот на истиот ден попаднето.

Неверојатно брза и посветена улога за грижа на животните покажаа гевгеличани. Како медиум кој се обиде да помогне со ширење на веста за штрковите кои не полетале со својот птичји род, благодарни сме што веста беше прифатена со позитивна и брза реакција од граѓаните.
Важно е да не талкаат штрковите осамени и да не ги оставиме да угинат на улица , а ние во нивната несреќа да им покажеме грижа и љубов, еднаква на радоста која ни’ ја пружаат штрковите кога ги гледаме како доаѓаат кај нас и ни’ ја најавуваат пролетта.

Штркот-талкач свиснат од жега на улица „Леонид Јанков” во Гевгелија

Ви благодариме на сите кои искажавте грижа, предлагавте идеи како да се спасат штрковите од градскиот асфалт, споделувавте и ја ширевте веста за да најдеме брзо решение за здравствена поткрепа и вдомување на штрковите кои не полетаа со своето јато.

Хумана Гевгелија, Хумана Македонија – покажавте емпатија кон послабите и помагавте!
Благодариме!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Приведен жител на Негорци

Next Post

Приведен 32 годишен гевгеличанец

Next Post
Приведен 32 годишен гевгеличанец

Приведен 32 годишен гевгеличанец

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Анчев и Ангов – победнички тркачки тандем

Анчев и Ангов – победнички тркачки тандем

3 години ago
Гевгеличанката Сара Митановска во составот на јуниорската репрезентација на Македонија за ЕП

Гевгеличанката Сара Митановска во составот на јуниорската репрезентација на Македонија за ЕП

3 месеци ago
Победник на Шаховскиот меморијал „Венци Попов“ во Гевгелија е Тони Лазов (МКД)

Победник на Шаховскиот меморијал „Венци Попов“ во Гевгелија е Тони Лазов (МКД)

2 години ago
ОВР Валандово: Кривична пријава против затворски полицаец

ОВР Валандово: Кривична пријава против затворски полицаец

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist