Продолжениот празничен викенд повторно предизвика застој на македонско-грчката граница на преминот Богородица-Евзони. Според информации од преминот, на македонскиот дел нема чекања, но застојот се прави на грчка страна. Колоните се долги и чекањето е долго.
Состојбата на терен укажува дека грчкиот граничен премин „Евзони“ не е во состојба да прими оддеднаш толку патници колку што Македонци утрово тргнале на празничен викенд во Грција
– „Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.
Видео и Фото: А1.он