По одлуката на Владата за намалувањето на цените на основните прехрамбени артикли, над 500 производи од 25 прехрамбени категориим, денеска во Гевгелиските маркети и локалните продавници на рафтовите експресно никнаа ознаките „гарантирана цена“.
Поефтинија лебот, тестенините, млекото, јајцата, сирењето, млечните производи, јогуртот, па дури и паштетите.
Контролите на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), кои почнаа од вчера, ќе продолжат до крајот на ноември, а секоја недоследност која граѓаните ќе ја забележат, треба да ја пријават во ДПИ, вели министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерот вели дека е задоволен од тоа како досега се почитува владината одлука за поевтинување на прехранбените производи од страна на трговците и повторно најави дека од идната недела ќе се намалат за минимум десет проценти и цените на пијалоците.
„Повеќе од задоволен сум од тоа што вчера се случуваше во секторот трговија, посебно од компаниите и сите ланци маркети, но и од производителите и дистрибутерите. До денешниот ден, пред оваа посета, добивме неколку писма од наши производители, генерално на минерална вода, сокови и на светло пиво, кои од наредната недела ќе почнат со намалување на цените од минимум десет отсто, намалување директно од страна на производителите, имајќи предвид дека немаме намера да донесеме некое ограничување во делот на ланците супермаркети платите зашто генерално годинава главниот товар беше врз нив“,рече Бектеши.
На прашањето дали Министерството е запознаено со информациите дека производителите на месо не ги доставуваат свежите производи до маркетите за да може да го продаваат во своите продавници без издавање фискална сметка, министерот рече дека Владата носи одлуки кои се задолжителни за секторот трговија, во кој е вклучено и месото.
Одлуката на Владата за намалување на 24 категории основни прехранбени производи кои треба да се продаваат по цени за 10 отсто пониски од оние на 1 август годинава почна да се применува од вчера. Од ДПИ веднаш почнаа со контролите, а директорот Горан Трајковски порача дека ќе се постапува без селекција и дека секој оној што не ја почитува одлуката ќе биде казнет, а доколку има потреба, „ќе има и затворање на објекти“.
Одлуката на Владата ќе важи до 30 ноември,