На годинашниот втор по ред саем на храна и пијалоци “Вкуси ја Традицијата” што се одржа во Градскиот Парк – Скопје годинава покрај 400-те изложувачи беа и претставници од Гевгелиската асоцијација „Бојмија“ и семејната винарија „МИОВ“ на сопственикот Ристо Миов.
За бројните посетители беше прекрасно да се истражува разновидноста на храната и пијалоците, да се запознаат со локалните производители и да се дружзт со други љубители на традиционалната храна.
Такви достојни репрезенти беа „Бојмија“ и „Миов“ кои се најдоа во низата од 2.000 понудени македонски производи распослани и понудени за дегустација над 80 штандови на Саемот.
Сончево време, безброј шарени штандови, вкусни локални производи и многу расположени луѓе. Од секој дел на нашата прекрасна земја по некоја убавина! Но секако и од југот со познатите преработки од земјоделски производи од топлиот југ и добрата капка пијалок од медените лозја.
Миов не го криеше задоволствотошто кај него на штанд навратија докажани познавачи на добрата кујна и врвните македонски вина, како мајсторот во кујна Марк.
ЛАГ Бојмија / LAG Bojmija на саемската манифестација беше вклучена активно преку Програмата на USAID North Macedonia за развој на заедницата. Беа презентирани природните овошни сокови, природниот шумски мед, печени лешници, земјоделските традиционални вкусови од југот и сл.
Меѓу презентерите на вкусот од југот, од Гевгелија, беше и винаријата „Јостела“, прва приватна семејна винарија основана во Гевгелија, која годинава одбележува полнолетство, 18 години производна дејност на добри вина и жестоки пијалоци од југот.
Саемот го организираше Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Slow Food Macedonia и поддршка од GIZ North Macedonia.
Еве дел од атмосферата: