– „Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има 22 год и боледува од ретка болест „Tyrosine Hydroxylase deficit“. Како последица од ненавремено поставена дијагноза, денес Петар има сколиоза за која е потребна хирушка интервенција. Истата не може да се изведе во Македонија, па затоа мора да се оперира во Турција за која се потребни околу 50 илјади евра“ – со овие зборови до нашата редакција се обрати Гордана Попоска, мајката на момчето за кое е потребна операција во странство за да го подобри своето здравје.
Понесени од успешната хуманитарна приказна на Гевгеличани во акциите за помош на малата Луна, која исто така боледува од сколиоза и се собираа донации за операција во Турција, со истата мака и надеж оваа мајка се обраќа до нас да ја обзнаниме и прошириме нејзината мака, но и поттикнеме одзив на хуманите луѓе за здравствена помош на нејзиниот Петар.
Семејството на Петар финансиски не е во можност да ја собере потребната сума на пари за операција, па се приморани надежта да ја бараат во добрите луѓе, преку донации . Про-фактурата за операција која може да се изведе во „Аџибадем“ во Истанбул, Турција, чини 44.780 евра. Препораката за оперативен зафат ја дале и македонски специјалисти, стручњаци, но зафатот е засега единствено можен во странска приватна здравствена установа, каде оперативните трошоци не ги покрива Фондот за здравство.
Затоа семејството моли за донации од хуманите луѓе, да помогнеме и на некој начин да придонесеме за успешното лекување на Петар.
Број на трансакциска сметка – 270-7000821760.21
Корисник: Гордана Попоска
Банка депонент: HALKBANK
За девизни плаќања – IBAN:MK07270700082176215
Девизна дознака – SWIFT:EXPCMK22
Броеви за донации
А1 : 143 – 460
Т- Мобиле: 143 – 128
Линкот за хуманитарната платформа за донации „Go Fund Me“
https://gofund.me/03bc7b3c
Петар е од Охрид. Ама нели хуманоста нема територијалност, туку чиста душа и отворено срце за секого, и подадена рака за немоќните, болните за да истраат во својот живот и ги победат премрежјата. Човечноста ја носиме со себе и ја споделуваме кога чувствуваме дека е потребно да се помогне некому.
Ајде сега да помогнеме за Петар!