сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапка за ДДВ од 5%

Ова е одлука на Владата донесена на денешната 199 седница за повластена даночна стапка на ДДВ од 5% на 1650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950 прехранбени производи.кои ги користат домаќинствата. Допрецизирани се тарифните броеви за дел од производите за исхрана

октомври 10, 2023
in МОЗАИК
Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапка за ДДВ од 5%
0
SHARES
59
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На денешната владина седница, донесена е измена на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, а која беше усвоена на 28 септември 2023 година со која се допрецизираат неколку тарифни броеви кои во пракса создадоа дилема во примената на повластената стапка од 5%, поради поголемиот број на производи по ист тарифен број.

Со оваа измена, урдата, замрзнатото тесто, црниот бибер и црвениот пипер, бебешките каши, адаптирано млеко за доенчиња, додатоци за исхрана за опаднат имунитет, хербалните чаеви, наполитанките и вафлите, растителниот кашкавал, останати одредени видови кашкавали, лутеница и конзервирано цвекло и феферони, се производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5%.

Related posts

Подвиг стар половина век – Ице Дојранлиев го преплива Дојранското Езеро

Подвиг стар половина век – Ице Дојранлиев го преплива Дојранското Езеро

септември 26, 2026
50 години без Бадев, бардот на македонската народна песна

50 години без Бадев, бардот на македонската народна песна

септември 25, 2026

Со оваа одлука воедно се овозможува поддршка на домашната економија, односно домашните компании кои произведуваат дел од овие производи, како и заштита на стандардот на граѓаните.

Измените кои Владата ги усвои на денешната седница ќе се применуваат од 13.10.2023.
Министерството за финансии и Владата во креирањето на политиките и нивната примена се во постојана комуникација со бизнис заедницата и отворени се за сугестии и предлози. Процесот на утврдување на оваа одлука, исто така, се водеше низ транспарентен и инклузивен процес и беше споделена листата со производи кои ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ пред 9 месеци, уште во јануари со бизнис заедницата, преку стопанските комори за тие да можат да достават свои предлози. Одлуката се донесе на седница на Владата на 28 септември и стапи во сила на 2 октомври кога започна со примена, но поради утврдените недоследности во примената кај дел од производите се укажа потреба од измена на Одлуката која беше направена во најкус можен рок.

– „Република Северна Македонија останува со најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ, а најголем дел од неа се оданочуваат со најниска повластена стапка од 5%. Односно Примената на најниската повластена стапка на ДДВ во земјава се однесува на повеќе од 1650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950 прехранбени производи.

Одлуките за примена на повластена стапка на ДДВ произлегоа од измените на Законот за данок на додадена вредност и се со цел заштита на стандардот на граѓаните, заштита на здравјето на граѓаните и оданочување со праведна даночна стапка на прехранбените производи. Дополнително со усвоените законски измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност се извршија и останати усогласувања со Директивата на ЕУ за ДДВ“ – се вели во деношното Сопштение од Министерството за финансии.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ХУМАНИТАРЕН АПЕЛ за ПЕТАР !

Next Post

Александар Груиќ – ШАМПИОН на Државното првенство во тенис за јуниори 2023

Next Post
Александар Груиќ – ШАМПИОН на Државното првенство во тенис за јуниори 2023

Александар Груиќ - ШАМПИОН на Државното првенство во тенис за јуниори 2023

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО:  ГРАДСКИ  ПАЗАР  ГЕВГЕЛИЈА

ВИДЕО: ГРАДСКИ ПАЗАР ГЕВГЕЛИЈА

2 години ago
Осум медали за децата од АК „7 Ноември“ на трката „Децата под Исарот“

Осум медали за децата од АК „7 Ноември“ на трката „Децата под Исарот“

4 месеци ago
ФК „Џокер“ Фурка со пет трофеи се враќа од „MILENIUM CUP XX“, Србија

ФК „Џокер“ Фурка со пет трофеи се враќа од „MILENIUM CUP XX“, Србија

2 години ago
Андреј Димов – Првенец на генерација 2022/23 од ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија

Андреј Димов – Првенец на генерација 2022/23 од ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist