Четиринаесет членови на Карате клубот „АРМОР“ од Гевгелија викендов учествуваа на 40-от Меѓународен меморијален карате турнир „Никола Грдановски – Нике“ во Скопје, а петмина од нив освоија шест медали.
Едно ЗЛАТО, две СРЕБРО и три БРОНЗЕНИ медали е резултатот од учеството на 40-ти јубилеен МКТ „Никола Грдановски – Нике“ 2023.
Пласманот и достигнувањата се следни:
1. Аврамоски Давид – ПРВО место во категорија ката поединци 2012 год. и ВТОРО место во категорија ката поединци 2013год
2. Делев Мите – 2 место во категорија ката поединци 2011
3. Лазаров Јован – 3 место во категорија ката поединци 2016
4. Мишра Кришна – 3 место во категорија ката поединци 2016
5. Мишков Андреј – 3 место во категорија ката поединци кадети
Истакнато учество имаа и другите членови на КК „АРМОР“:
6. Атанасова Симона
7. Василе Елена
8. Гоцкова Тијана
9. Данаилова Ивона
10. Зафиров Петар
11. Костевски Драган
12. Мелкова Билјана
13. Мишра Мохан
14. Трајков Петар
На турнирот „Никола Грдановски – Нике“ во Скопје настапија покрај клубови од Македонија и карате-клубови од околните земји, односно од Црна Гора, Србија, Бугарија, Албанија, Грција и од Косово.
Карате Клуб „Армор“ е основан февруари 2018 година, што значи зад себе има петгодишна традиција, а резултатите доаѓаат со посветените ученици на карате под будното око на тренерите: Иван Киковиќ Поп-Гонов II dan и Ице Брзановски IV dan.
Сопстевеник на клубот е Ристо Мелков.
Клубот брои околу 50 члена од Гевгелија, Богданци, Валандово и Миравци.
Карате Клуб „Армор“ од 2019 год. е член ка Карате Федерација на Македонија, и исто така е член на JKS Macedonia – Japan Karate Shoto Federation
Генерален спонзор на клубот е „Армор Секјурити“.