вторник, 15, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Приведената наставничка од Неготино однесена на лекување во Психијатриска болница Негорци, нејзиниот сопруг реагира зошто не била пратена на лекарски преглед, или на боледување

Наставничката која беше приведена во Неготино била во депресија - еве што порача нејзиниот сопруг: „Ако сакаме добри генерации, мора да се врати авторитетот на наставникот!“

ноември 10, 2023
in MАКЕДОНИЈА, МОЗАИК
Приведената наставничка од Неготино однесена на лекување во Психијатриска болница Негорци, нејзиниот сопруг реагира зошто не била пратена на лекарски преглед, или на боледување
0
SHARES
19.7k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Наставничката која беше приведена во Неготино била во депресија – еве што порача нејзиниот сопруг: „Ако сакаме добри генерации, мора да се врати авторитетот на наставникот!“

По професија сум дипломиран машински инженер, со мојата диплома работев и во Германија, а веќе две години сум наставник во основно училиште во Неготино и предавам во околните села.

Related posts

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

јули 15, 2025
Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

јули 15, 2025

Мојата сопруга, која беше вчера првидена во полиција работи како наставничка околу 20 години. Случајот со приведувањето и образложенијата дека таа психички ги малтертирала учениците е главна тема во Неготино, но и пошироко, па би сакал да појаснам за јавноста која е позадината – за „Фокус“ раскажува М.С., видно вознемирен од настанот.

Како што појаснува, и тој и сопругата биле под постојани притисоци, а таа на почетокот на годината користела еден месец боледување и и била поставена дијагноза, која тој вели дека не би ја откривал во јавност, но не крие дека станува збор за нарушено здравје поради стресни ситуации поврзани со работата.

  • „Во последните неколку дена, односно од петокот, па до вчера, беше очигледно дека мојата сопруга падна во депресија. Плачеше, се жалеше дека е сама, дека никој не ја разбира. Истото однесување, колку што сега знам, го имала и на училиште, па поради тоа и ги вознемирила учениците и нивните родители.
    Но, наместо мене да ме контактираат, да ја пратат на боледување, па да бараме здравствена помош, се случи да ни дојде полиција дома, и тоа вчера, кога дома имавме слава Свети Димитрија, кога масата ни беше поставена… Многу немили сцени“ – вели наставникот.

Раскажува дека сопругата го однела во маркет да испазари пред да дојдат гостите, а таа заминала дома. Додека бил во маркет му се јавиле од полиција и му кажале дека мора да разговараат со него.

  • „Ги замолив од полиција да не доаѓаат по мене во маркетот, да не гледа народ, и веднаш заминав во станицата која е во близина на маркетот. Не знаев зошто ме викнаа, ме распрашуваа за однесувањето на сопругата, им појаснив дека таа има здравствено нарушување и е депресивна последниот период. Не ми кажаа ништо, си заминав дома, не ја најдов сопругата.

По кратко време полицијата ја донесе дома, и рекоа да си земе основни работи и ми кажаа дека ќе ја носат на лекување во Негорци. Што можев да направам? Ѕвонев кај роднините на сопругата кои се од тој крај, дури денес дознавме дека таа ќе остане на лекување колку што е потребно, од една недела, па можеби и до еден месец, додека не и биде подобро.

  • „Се прашувам зошто никој не ми кажа мене доколку таа имала промени во однесувањето на работа, зошто не ја испратија на боледување, на систематски преглед, да се утврди што е, па да се бара решение, туку на ваков начин. Денес кога излегов надвор, луѓето ме гледаат како да сум воен злосторник, не знаат дека всушност таа беше приведена оти има нарушена здравствена состојба, се шират разни шпекулации“ – тврди наставникот.

За сопругата појаснува дека во минатото била и наградувана за својата работа, била добра мајка и сопруга, но ете се случило да западне во тешка состојба.

Извор: „ФОКУС“
ЛИНК до целиот текст

Денеска МОН (Министерството за образование и наука) реагираше дека: „При сомнение за нарушено ментално здравје наставникот се упатува на вонреден лекарски преглед!“

Но, наместо лекарски преглед, директорката на основното училиште каде работи приведената, (а по разговорот во полиција веднаш упатена на лекување во Психијатриска болница Негорци, кај Гевгелија),  случајот го пријавила во полиција. И отука целата рашомонијада околу приведувањето на наставничката која била пријавена за недолично однесување кое кај учениците предизвикало вознемиреност и страв, како што изјави директорката за „Фокус“.
Родителите на учениците изјавиле дека таа се однесувала „ирационално“. (ЛИНК)

Прашањето е: „Како работник кој во иста рабтна средина работи 20 години да не биде седнат на колегијален разговор „што му е, зошто зборувал нерационалности на работно место“, како колегите не откриле промена во однесувањето на работникот (наставничката) и како образовани луѓе во една образовна установа , во време кога депресијата има светски тренд на наплив во ова модерно време, да не се посомневаат на здравствен проблем, и наместо другарски, колегијален разговор, посегнуваат да ја пријават колешката во полиција каде болната жена веројатно доживеала дополнителен шок од спроведувањето и распитот?“

ShareTweetShareSend
Previous Post

Македонскиот маратонец Поп Ацев влегува во Куќата на славните во маратонско пливање

Next Post

„Мystic dance“ од Гевгелија освои ШЕСТ награди во Прага и СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА за најдобра група

Next Post
„Мystic dance“ од Гевгелија освои ШЕСТ награди во Прага и СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА за најдобра група

„Мystic dance“ од Гевгелија освои ШЕСТ награди во Прага и СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА за најдобра група

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ПЛАЖА НА  ВАРДАР

ПЛАЖА НА ВАРДАР

2 години ago
Тешка сообраќајна несреќа кај Миравци, загина 19 годишниот Томче

Тешка сообраќајна несреќа кај Миравци, загина 19 годишниот Томче

3 месеци ago
„Македонија – чоколаден сон“ – Второ место на „Тортијада 2023“ за Гевгелија

„Македонија – чоколаден сон“ – Второ место на „Тортијада 2023“ за Гевгелија

2 години ago
РЕТРО ФОТО: ПРАЗНИЧНА и СНЕЖНА ГЕВГЕЛИЈА

РЕТРО ФОТО: ПРАЗНИЧНА и СНЕЖНА ГЕВГЕЛИЈА

6 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ
  • Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија
  • ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

јули 15, 2025
Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

јули 15, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist