петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Радалицата од XX век вратена кај Амамот во Гевгелија

Радалицата има историска вредност за Гевгелија и е составен дел од Амамот каде пред 92 години бил сместен првиот агрегат за снабдување на Гевгелија со електрична енергија, а радалицата е остаток од тој агрегат и културно-историски споменик за технолошкиот развој на Гевгелија

декември 5, 2023
in ФОКУС
Радалицата од XX век вратена кај Амамот во Гевгелија
0
SHARES
3k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Металната фигура која со години стоеше кај Амамот, остаток од првиот агрегат што ја снабдувал Гевгелија со електрична енергија од 1931 година па се’ до ослободувањето, пред 40 дена беше преместена во паркот пред Народниот театар во Гевгелија. Без помпезност, без сечење црвени ленти, радалицата стоеше повеќе од месец дена пред театарот без никакво обележување за тоа што важност има објектот.

Денеска без никаква најава радалицата е откорната од постаментот пред театарот и вратена каде што законски припаѓа, во просторот на Амамот во Гевгелија.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

Незаконската 40 дневна селидба беше прекината на барање на НУ „Музеј“ Гевгелија која ги потсети општинските власти дека објектот е во надлежност на „Музеј“ Гевгелија и дел од проектот за обнова, оградување и партерно уредување на Амамот со донација од турската општина Карач, изработен од 2011 година.

Во проектот за обнова на Амамот кој го финансираше општината Карач од Турција предвидено е место за радалицата која припаѓа на Амамот и е заштитен објект од културно-историско значење


Амамот и целиот објект и обележја во неговиот простор се заштитени со класификација за културно наследство, па и радалицата како симбол на периодот кога Амамот служел за производство на струја во раните 30 години на минатиот век
.

Денеска грешката е исправена – радалицата се врати „дома“ во просторот на „Амамот“. Законот за заштита на културното наследство е испочитуван.

Радалицата денеска, 5.12.2023 е во оградениот простор пред Амамот, согласно проектот од 2011 година
Радалицата – пред влезот на постолљето од површината на Амамот, Гевгелија
Празното постолје во паркот пред Народниот театар каде незаконски беше преместена радалицата

Гевгелија треба да памети дека историските објекти од времето на Отоманското царство, Амамот, кое се користел како турска бања, па градска бања, помеѓу двете светски војни добил и технолошко значење за Гевгелија станувајќи простор каде бил сместен првиот агрегат за производство на електрична енергија.

Збратимената општина Карач од Турција донираше средства за обнова на Амамот кој сега е Галерија за потребите на НУ „Музеј“ Гевгелија, а радалицата како историски експонат гордо сведочи за едно технолошко-развојно време на Гевгелија.

Да се памети! Нашата историја е и наше богатство кое треба да се чува!

GevgelijaNet реагираше за ова уште на почетокот.

ShareTweetShareSend
Previous Post

МВР: Вања со врзани раце и нозе е ставена во вреќа за спиење и убиена

Next Post

Работилница на гевгелиските средношколци и штитениците од „Мајка Тереза“

Next Post
Работилница на гевгелиските средношколци и штитениците од „Мајка Тереза“

Работилница на гевгелиските средношколци и штитениците од „Мајка Тереза“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Ансамблот „БОЈМИЈА“ ги почести гевгеличани со НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

Ансамблот „БОЈМИЈА“ ги почести гевгеличани со НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

3 години ago
Хуманоста не познава возраст

Хуманоста не познава возраст

2 години ago
Мбапе со порака после поразот во финалето на СП

Мбапе со порака после поразот во финалето на СП

3 години ago
ВИДЕО: Големо невреме во Скопје – паднал дел ограда и рекламно пано врз возила во движење

ВИДЕО: Големо невреме во Скопје – паднал дел ограда и рекламно пано врз возила во движење

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist