вторник, 16, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Заедничко управување и менаџирање со ризикот од поплави во пограничната област Вардар/Аксиос

Проект за меѓугранична соработка при заштита од поплави, меѓу Република Северна Македонија и Грција

декември 9, 2023
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
Заедничко управување и менаџирање со ризикот од поплави во пограничната област Вардар/Аксиос
0
SHARES
250
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Проектот „Заедничко управување и менаџирање со ризикот од поплави во пограничната област Вардар/Аксиос“ веќе година и пол се имплементира во рамките на меѓуграничната соработка при заштита од поплави, меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

Проектот има за цел создавање на ефикасна меѓугранична соработка помеѓу двете соседни земји Македонија и Грција за управување и менаџирање со ризикот од поплави во пограничната област Вардар/Аксиос.

Related posts

По тешка сообраќајна несреќа  кај с.Богородица почина Саше Франгов

По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

септември 15, 2025
Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

септември 14, 2025

Примарниот елемент вклучува размена на информации и податоци, како и развој на заедничка стратегија за меѓусебна помош и соработка во случај на поплава.

Една од примарните цели во тој правец, е подобрување на соработката и протокот на информации, за побрзо и поуспешно реагирање од двете зaсегнати страни.
За таа цел, инсталирана е мерна опрема на реката Вардар на стратешки точки во Демир Капија и Гевегелија, со која се обезбедуваат информации и се следи нивото на водата, како и други клучни карактеристики за навремено да се реагира во случај на опасност од поплавување.

Меѓу другото, овој проект обезбедува едукација на населението, со посебен акцент на ранливите категории. Се вршат обуки и работилници од страна на експерти, ангажирани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и Дирекцијата за заштита и спасување, со цел лицата правилно да се справуваат пред, за време и после поплавите.

Значајност на проектот:
Овој проект има голема значајност во засилувањето на меѓуграничната соработка при справување со поплавите меѓу Република Северна Македонија и Република Грција. Преку размената на искуства и заедничките напори, проектот допринесува за поефикасно и навремено предупредување и реагирање во случај на поплавување од реката Вардар.

Финансирање и партнери:
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку програмата INTERREG IPA и земјите учеснички.
Главниот партнер е Децентрализираната администрација на Македонија-Тракија (ДАМТ), а партнери се Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и енергетика на Република Грција.

Проектот се спроведува во период од Јули 2022 до Декември 2023 година.

Информации за проектот:
Сите заинтересирани може да најдат повеќе информации на проектната веб
страна www.floodshield.eu,
додека прирачникот за само-заштита при поплави, на
македонски јазик, може да се најде на ЛИНКОТ :

https://www.ipa-cbc-programme.eu/gallery/Files/events/PROJECTS/FLOOD%20SHIELD/booklet_mk_web.pdf

ShareTweetShareSend
Previous Post

Успешна акција на царинските работници на ГП „Богородица“ – спречен шверц на 516 делови за камион

Next Post

ДЕДО МРАЗ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Next Post
ДЕДО МРАЗ ВО ГЕВГЕЛИЈА

ДЕДО МРАЗ ВО ГЕВГЕЛИЈА

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгелиските ракометари од „Партизан“ на меѓународен турнир во Бугарија

Гевгелиските ракометари од „Партизан“ на меѓународен турнир во Бугарија

2 години ago
Историски ден за Гевгелија – 80 години од излегувањето на првите партизани

Историски ден за Гевгелија – 80 години од излегувањето на првите партизани

2 години ago
Кривична пријава за гевгеличанец

Три кривични пријави за жители на Гевгелија

2 години ago
ДОЈРАН ЛЕТО 2025 – ветровито ама пријатно

ДОЈРАН ЛЕТО 2025 – ветровито ама пријатно

3 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд
  • Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа
  • По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд

Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд

септември 16, 2025
Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа

Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа

септември 16, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist