Ја убиил ќерка си од тепањена, нанесувајќи и фрактура на череп, крварење во мозокот, скршени ребра од кои повреди починала после 21 ден поминати на Клиниката „мајка Тереза“ во Скопје – Обвинителството поведе истрага против таткото на починатото двегодишно девојче од Кичево
Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123, став 2, точка 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик.
– „Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје“, се вели во соопштението на Јавно обвинителство на Република Македонија.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.