понеделник, 19, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Спортски портрет – Стефан Сулев

Стефан Сулев е млад фудбалер од Гевгелија кој својата спортска кариера ја започна во родната Гевгелија, во еден од најстарите клубови во државата, гевгелискиот ФК „Кожуф“

јануари 16, 2024
in СПОРТ
Спортски портрет – Стефан Сулев
0
SHARES
226
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Почетоците му беа во младинските категории на клубот, за во 2007 година да стане дел од првиот тим на „Кожуф“. Ќе игра три сезони во Кожуф, притоа во првата сезона (2007/08), Сулев со „Кожуф“ станува шампион на Трета македонска лига – југ. Во следната сезона Сулев е дел од тимот на „Кожуф“, што ќе игра во Втората македонска лига.

Неговите добри игри ќе бидат забележани од прволигашот, „Хоризонт“ од Турново,кој во летото 2010 година ќе го донесе во своите редови. Во август 2010 година, на своја 21 година, дебитира во Првата македонска лига, против тогашниот шампион, „Ренова“. Во сезоната, 2010/11 година со Турново го освојува 6-тото место. Со овој клуб ќе одигра две сезони во Првата македонска лига, каде ќе игра во тимот покрај: Димовски, Ташев, Милушев, Митрев, Петров, П. Стојанов, Ал. Стојанов, Ц. Чурлинов, Д. Георгиев,…

Related posts

Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

мај 18, 2025
РК „Алкалоид“ со историска победа среде Атина

РК „Алкалоид“ со историска победа среде Атина

мај 18, 2025

Летото 2012 година, преминува во ФК „Миравци“ (кој од 2014 година е преименуван во „Кожуф“), каде ќе остане се до 2015 година и сите три години ќе игра во Втората македонска лига. Во последните две сезони во овој тим игра на 55 натпревари.

Летото 2015 година преминува во „Беласица“. Во сезоната 2016/17, на 24 натпревари постигнува 8 гола и помага Беласица да стане шампион на Третата македонска лига-исток. Во оваа сезона е четврти стрелец, зад Б. Мариќ со 38, М. Костовски со 28 и К. Аломеровиќ со 15 гола.


Во сезоната 2017/18 е шампион на Втората македонска лига -исток, а Сулев на 24 натпревари постигнува 3 гола. Во 2018 година со тимот на „Беласица“ повторно се натпреварува во Првата македонска лига. Приот противник на струмичкиот тим беше „Победа“ од Прилеп.
Сулев одигрува 28 натпревари во оваа сезона, а со Беласица стигнува до полуфиналето на купот. Во сезоната, 2019/20, Беласица во скратената сезона станува шампион во Втората македонска лига и пак се враќа во елитата, а Сулев одигрува 14 натпревари.

Во сезоната,2020/21, во Првата македонска лига, Сулев ќе одигра 28 натпревари и постигне два гола против „Борец“ од Велес и „Академија Пандев“, но Беласица испаѓа. ФК „Беласица“ во сезоната 2021/22, се изборува за бараж со Скопје, а Сулев оваа сезона постигнува 5 гола. Во минатата есенска 2023 полусезона, Сулев на 14 натпревари, постигнува 3 гола.

– „Сулев со 199 натпревари е втор по број на првенствени настапи за „Беласица“, од играчите што не се од Струмица, веднаш зад Горан Стојановски со 220 настапи“ – вака го опишуваат својот вреден фудбалер од матичниот клуб „Беласица“ 1956-2006 од Струмица, клуб со 66 годишна фудбалска историја.

Гевгеличанецот Сулев е еден од симболите на денешна „Беласица“, кој игра во везниот ред на Беласица веќе 9-та сезона по ред. Досега има одиграно 199 првенствени натпревари (со куп натпревари и баражи има 215 официјални натпревари за Беласица) и постигнато 22 гола.

Гевгелиско спортско име кое реди успеси на фудбалските терени, а почетоците му беа од младинските редови на „Кожуф“, па турнирите на „ТИХО“ се’ до Прва Македонска фудбалска лига, која три пати ја „везе“ со постигнати голови – Сулев Стефан 34 годишен спортист од Гевгелија.

Извор: FK Belasica 1956-2006

ShareTweetShareSend
Previous Post

ТППЕ Гевгелија реаизирала 192 акции во текот на 2023 година

Next Post

Богојавление неработен ден – Во Гевгелија ќе се осветуваат водите на Вардар

Next Post
Богојавление неработен ден – Во Гевгелија ќе се осветуваат водите на Вардар

Богојавление неработен ден - Во Гевгелија ќе се осветуваат водите на Вардар

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ООУ „Петар Мусев“ -ТРЕТО место на државен натпревар во ракомет

ООУ „Петар Мусев“ -ТРЕТО место на државен натпревар во ракомет

1 година ago
Јован Насев од Гевгелија прогласен за Најдобар стрелец на турнир во Грција

Јован Насев од Гевгелија прогласен за Најдобар стрелец на турнир во Грција

3 недели ago
„Како Караколев“ – Песна за пливачот во бурата на Дојранско езеро

„Како Караколев“ – Песна за пливачот во бурата на Дојранско езеро

8 месеци ago
Натпревар во лежење во Црна Гора

Натпревар во лежење во Црна Гора

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“
  • РК „Алкалоид“ со историска победа среде Атина
  • Влатко Семенаков Победник на „Гевгелиски Велотлон 2025“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

мај 18, 2025
РК „Алкалоид“ со историска победа среде Атина

РК „Алкалоид“ со историска победа среде Атина

мај 18, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist