Хуманитарната акција „„Рециклирај и подари живот“ која веќе неколку месеци се спроведува во Гевгелија со собирање на пластични капачиња ја прифатија и учениците од Општинското основно училишѕе „Климент Охридски“ во Миравци.
Тие вчера донесоа 10 пакувања на собрани пластични капачиња со кои го наполнија СРЦЕТО во центарот на Гевгелија.
Оваа акција е посветена на новите генерации кои ќе се родат во Гевгелија и симболично е насловена „Од капаче до инкубатор“ зошто целта е со собраните средства од рециклирање на пластичните капачиња да се набави инкубатор за предвреме родените бебиња во Гевгелиската болница.
Еко-хуманитарната акција ја спроведуваат Црвениот крст од Гевгелија и ДПТУ „Прогрес груп компани“ од Гевгелија.
Последното полнење на Хуманитарното Срцето беше од учениците од Миравци со поддршка на наставничката Маја Танова. Инаку, во акцијата до сега учествуваа и учениците и децата од Богданци и Дојран.
– „Обединети околу една кауза блиску сме до целта“ објавија од гевгелискиот Црвен крст.