Петочната забава после полноќ за четворица млади гевгеличани завршила со притвор зад решетки.
На почетокот од денешниот саботен ден, 17.01.2024 во 01:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода М.А.(29), И.Т.(23), А.Ѓ.(24) и В.С.(24), сите од Гевгелија.
При преглед кај нив и во патничкото возило „Опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.