Со извонреден резултат од 2:08:25 истрчан денеска на маратонската трка во Севиља, Шпанија Дарио Ивановски постигна нов македонски рекорд.
Со тоа маратонецот Дарио Ивановски денеска испиша историја во македонската атлетика.
Воедно, нашиот атлетичар со резултатот остварен во Севиља си обезбеди норма за настап на Европското првенство (ЕП) во Рим, кое ќе се одржи во јуни 2024 година, а со 1186 освоени бодови се најде во ранг листата за учество на Летните олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во главниот град на Франција.
Досегашниот македонски рекорд од 2 часа 11 минути и 53 секунди беше повторно во сопственост на Ивановски кој го постави лани на 3 декември 2023 во Валенсија, Шпанија.
Успехот на Дарио е брилијантен како што пишува на социјалните мрежи неговиот тренер Игор Јакимовски:
- „Сето ова погоре го постигнаа двајца маченици од село Марино, скопско.
Едниот неук тренер без диплома, а другиот дете кое почна да трча по локален пат за да се рехабилитира од повреда. Толку од мене.
Поздрав од Дарио и МС до цела Македонија“ – напиша трнерот на Дарио на својот фејсбук профил.