Атлетичарката од југот, Валентина Узунова со нов медал во нов месец во 2024 година.
На вчера одржаната трка „Chupino winter vertical 2024“ таа го завзеде второто место во категоријата на жени 55+.
Трасата долга 5 километри со висинска разлика од 1030 метри Валентина ја истрча за 1 час 22 минути и 30 секунди, што е за 3 минути заостанување зад првопласираната Добромира Јанева (време 1:19:42).
Стартната листа беше затворена со вкупно пријавени 150 тркачи од 7 држави за годинашната висинска трка петта по ред „Chupino winter vertical 2024“.
Од 150 натпреварувачи на целта пристигнаа 33 жени и 82 мажи, вкупно 115 финишер-учесници.
Вака беше лани, на терените во околината на Блатец:
Вредно е да споменеме дека и во севкупна конкуренција меѓу жените, дури и помлади од нашата јужна ветеранка 57 годишната Вале, таа успеа да го завзеде 9-то место од 33 жени учеснички на трката. Најдобра од жените беше Вера Урдаревска (1:06:18), а од мажите прв на целта со време од 45:46 беше Александар Спасов.
И оваа трка како и до сега Валентина ја посвети за поддршка на болните од Пулмонална хипертензија.