По несреќата со опожарената куќа семејството на Цветанка и Кирил Брљамови го продолжуваат живот со помош на добрите и хумани луѓе од нашата заедница преку донации во храна и облека што се испорачуваат преку Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија.
Денеска е отворена и донаторска сметка наменета за помош на семејството да го обноват своето живеалиште.
Број на сметка: 280 – 1061035123 – 40
Носител: Брљамова Цвета
Депонент: Силк Роуд Банка
Петточленото семејство Брљамови со трите малолетни деца неделава најде привремено живеалиште во приватна режија и семејството се труди да го продолжи својот животен и семеен ритам, работните и училишните обврски.
На помош неделава пристигна и благослов од Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г.Агатангел кој преку Архиерејскиот намесник од Гевгелија испорача молитвената поддршка од владиката Агатангел и материјална помош за комлетно покривање на нивниот дом со нови ќерамиди.
– „Господ Бог, да им дарува сила и ги крепи духовно во овие за нив тешки времиња“ – порача Митрополитот Повардарски г.Агатангел.
Семејството Брљамови од Гевгелија останаа без покрив на глава откако им изгоре куќата на улица „Солунска“ бр. 16 во пожар на 28-ми февруари 2024-та година.