петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Максим и Антонио освоија ПРВО место на детска трка во Кавадарци

Четиринаесет деца на возраст до 13 години, членови на АК „7-ми Ноември“ денеска трчаа 500 метри и 600 метри трка наменета за деца на „Кавадаречкиот полумаратон 2024“. Максим и Антонио освоија победнички подиум

март 10, 2024
in СПОРТ, ФОКУС
Максим и Антонио освоија ПРВО место на детска трка во Кавадарци
0
SHARES
400
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Четиринаесет деца на возраст до 13 години, членови на АК „7-ми Ноември“ денеска трчаа 500 метри и 600 метри трка наменета за деца на „Кавадаречкиот полумаратон 2024“

Најдобар на трката со должина од 500 метри беше 11 годишниот Максим Ангов кој освои подиум и пехар за ПРВО МЕСТО. Неговиот успех е дотолку забележителен бидејќи трчаше во конкуренција од 100 уесници-деца и сите ги остави зад себе. Максим трчаше во категорија на 4-то и 5-то одделенци и беше убедливо најдобар од 100-ката кои истрчаа на трасата во Кавадарци.

Related posts

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Победникот МАКСИМ АНГОВ на детска трка во Кавадарци

Вториот кој се искачи на подиум беше Антонио Каракабаков со победата во трката од 600 метри за деца од 13-14 години. И тој како и Максим е член на АК „7-ми Ноември“ и со гордост го вееше знамето на својот клуб кога го прими победничкиот пехар искачен на подиумот.

АНТОНИО КАРАКАБАКОВ – победник на трката од 600 метри во Кавадарци

Тренер на најмалиот победник од гевгелискиот атлетски клуб е Тодор Анчев, спортски работник, професор, активен спортист и член на АК „7ми Ноември“. Тодор со својот спортски ученик веќе има освоено медали во државата и странство и верува во понатамошниот напредок на овој мал тркач.

– „Од 10 трки на кои Максим учествувал до сега има освоено 7 Први места и три Втори места. Пласманот Второ место го постигнува само во трки каде се натпреварува со деца поголеми од него, категории до 13 години“ – вели тренерот Анчев за малиот победник Максим кој досега во својата категорија останува непобеден
– „Малиот спринтер Максим има учествувано на 6 трки во Македонија и 4 меѓународни трки од кои една во Србија и три во Грција. Секогаш од трките се враќа со медал“, објаснува гордиот тренер.

Максим Ангов, со тренерот Тодор Анчев и Антонио Каракабаков – носителите на победнички пехари од Кавадарци

На трките за деца освен Максим и Антонио истрчаа уште членови на гевгелискиот атлетски клуб: Петков Томче, Семенаков Горан, Лешев Митко, Чучанов Марко, Костадинов Живко, Костадинова Клара, Петков Матеј, Петкова Борјана, Мичев Теодор, Мичев Глигор, Толов Михаил и Толов Алексеј.

Бројна детска атлетска сила во формирање го краси Атлетскиот клуб „„7 Ноември“ Гевгелија, а тие со својата спортска решеност и спремност за натпреварување го красеа денеска Кавадарци и оттаму понесоа два пехара за одличен пласман.

Малите тркачи од Гевгелија – Горан Семенаков и Митко Лешев
Максим Ангов на стартната линија од трката во Кавадарци, до него се Горан Семенаков и Митко Лешев

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Пишман шверцери во близина на ГП „Богородица“

Next Post

Оскари 2024: „Опенхајмер“ доминираше со седум освоени статуетки на Академијата

Next Post
Оскари 2024: „Опенхајмер“ доминираше со седум освоени статуетки на Академијата

Оскари 2024: „Опенхајмер“ доминираше со седум освоени статуетки на Академијата

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ГРАН ПРИ за Ансамбл „Бојмија“ – Гевгелија на Меѓународен фестивал 2023

ГРАН ПРИ за Ансамбл „Бојмија“ – Гевгелија на Меѓународен фестивал 2023

2 години ago
Ученици од Гевгелија седнаа во пратеничките клупи

Ученици од Гевгелија седнаа во пратеничките клупи

2 години ago
ХУМАНИТАРЕН АПЕЛ за ЕЛИЗАБЕТА

ХУМАНИТАРЕН АПЕЛ за ЕЛИЗАБЕТА

2 години ago
Филипче: Во следниот мандат 100% покривање на трошоците за гориво за земјоделска механизација

Филипче: Во следниот мандат 100% покривање на трошоците за гориво за земјоделска механизација

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите
  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist