понеделник, 18, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Денес е Прочка – Христијански ден посветен на простувањето

Целта и смислата на празникот е да го истакне проштевањето како дело на љубовта, а љубовта е основа на христијанското живеење

март 17, 2024
in MАКЕДОНИЈА
Денес е Прочка – Христијански ден посветен на простувањето
0
SHARES
52
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Според многумина, Прочка или народски познат уште како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, веднаш по Божиќ и Велигден. Главниот обичај односно проштевањето има христијанска основа.
Целта и смислата на празникот е да го истакне проштевањето како дело на љубовта, а љубовта е основа на христијанското живеење

На Прочка вообичаено се изведувале богати обичаи кои прераснале во традиции како простувањето, по што празникот го добил и името.

Related posts

Физичко насилство во Богданци

Физичко насилство во Богданци

август 11, 2025
Дождовите добредојдени и за Дојранското езеро

Дождовите добредојдени и за Дојранското езеро

август 5, 2025

Простувањето има христијанска основа за помагање и проштевање. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето помеѓу себе. Небото бара прошка од земјата затоа што ѝ приредило громови, мразови, поројни дождови.

Луѓето пак бараат прошка еден од друг за грешките. Правилото е секогаш помладиот да бара прошка од постариот, децата од родителите, крстениот од кумот. Се започнува со најобичната реченица, но изговорена од срце: „Прости ми“ на што другиот одговара: „Простено да ти е од мене и од Господа“.

Во минатото тој што прв барал прошка носел некаков подарок, најчесто портокал, алва, јајце, па во таа смисла портокалот останал како симбол на простувањето.

Празникот Прочка симболизира богата трпеза. Во некои градови за празникот Прочка се палат големи обредни огнови, најчесто од смреки со цел да се избркаат злите духови од претходната година.

Денот по прочка се нарекува и чист понеделник, односно денот кога започнуваат велигденските пости и со него се означува крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.

Дали вие ќе побарате прошка, или ќе простите некому денес?

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Донација од Холандија за Јавните здравствени установи во Гевгелија

Next Post

Признание за ОО Црвен Крст Гевгелија

Next Post
Признание за ОО Црвен Крст Гевгелија

Признание за ОО Црвен Крст Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Повик за бојкот на маркетите во петок се шири на социјалните мрежи

Повик за бојкот на маркетите во петок се шири на социјалните мрежи

7 месеци ago
Нов детски парк во Негорци

Нов детски парк во Негорци

2 години ago
Црвен Крст Гевгелија – Остварени 750 крводарувања во 2022 година

Црвен Крст Гевгелија – Остварени 750 крводарувања во 2022 година

3 години ago
Одбележан патронот на ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци – 60 годишен јубилеј во образованието

Одбележан патронот на ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци – 60 годишен јубилеј во образованието

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф
  • Лишен од слобода млад гевгеличанец
  • Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist