Со време од 10 минути истрчана траса од 2,5 километри низ улиците на Кочани денеска трочлениот семеен состав на Костадинови освоија ПРВО место на „Хуманитaрна Ротари Трка 2024 во Кочани“.
Најдоброто време го диктираше возрасниот член Николчо Костадинов. Семејната победа ја делат и децата Клара и Живко.
На традиционалната трета по ред „Хуманитaрна Ротари Трка 2024“ во Кочани денеска настапија 19 членови на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија на сите три трки: на 10 километри, на 5км и на семејната трка од 2,5 километри должинска траса. Се трчаше низ кочанските улици, кружна делница од 2,5 км која се повторуваше 2 пати за трката од 5 км, односно четири пати за трката од 10 км.
Вака беше на стартот:
На трката од 5 км најдобро време од женските натпреварувачки од Гевгелија оствари 38 годишната Натка Стоева (1984) со освоено 16-то место во севкупна конкуренција за жени и време од 30:43 минути.
Побрз беше Влатко Семенаков кој на оваа трка од 5 км завзеде 7-мо место во севкупна конкуренција за мажи со време од 18:58 минути, што е за минутка послабо од победникот, член на АК „Делта“.
Следуваат резултатите од гевгелиските атлетичари учесници на трката од 5 км: Валентин Михајловски (19:55), Насе Епов (20:39), Никола Ковачев (23:02), Андон Дучков (23:23), Васко Проданов (26:44), Кристијан Просевски (30:41).
Трката од 10 километри и постигнатото време од 53:55 минути и’ донесе на Валентина Узунова 6-то место во севкупна конкуренција жени. Инаку, Валентина беше најстариот учесник на трката со своите 58 години и единствен победник во својата конкуренција (жени 55+). Победничка на оваа траса беше најмладата атлетичарка која истрча на 10 км во Кочани Теа Божиновска (родена 2003 г. ) и истрча за време од 41:58. Валентина претрка девојќи родени од 1987 до 2000 година.
Кај мажите најдобро време имаше Дарко Прошевски од (45:57 мин.) и тоа му донесе 14-то место во севкупна машка конкуренција.
Следуваат резултатите на останатите учесници од Гевгелија на трката од 10 км: Благојче Темелковски (53:00 мин), Зоран Иванов (53:52), Мики Петровски (53:54), Димче Адреев (58:07), Борче Крстовски Илијоски (58:47), Орце Цветков (1:02:44).
Се трчаше по топло време кое дополнително го отежнуваше напорот на атлетичарите, па низ улиците атмосферата се разладуваше со млазеви вода од страна на пожарникарите со цистерна на ТППЕ Кочани.
Убав спортски ден, убави достигнувања на Гевгелиските атлетичари.
Има честитаме на сите за спортскиот напор, издржливост и достојно претставување на атлетскиот клуб од Гевгелија.