четврток, 19, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

КУД „Негорци“ со награда за „НАЈДОБРА НОСИЈА“ на фестивал „Велигденски средби“

На годинашниот јубилеен 20-ти Меѓународен музичко-инструментален фолклорен фестивал „Велигденски средби“ во организација на ФА „Китка“ од с.Ораовица, нашето културно-уметничко друштво „Негорци“ од Негорци ја освои наградата за најдобра народна носија

мај 13, 2024
in ФОКУС
КУД „Негорци“ со награда за „НАЈДОБРА НОСИЈА“ на фестивал „Велигденски средби“
0
SHARES
617
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На годинашниот јубилеен 20-ти Меѓународен музичко-инструментален фолклорен фестивал „Велигденски средби“ во организација на ФА „Китка“ од с.Ораовица, нашето културно-уметничко друштво „Негорци“ од Негорци ја освои наградата за најдобра народна носија.

На фестивалот годинава учество зедоа -19 културно-уметнички друштва од државата и странство, (Македонија, Србија, Косово, Албанија и Бугарија), а настап имаа вкупно 576 учесници. Настанот се одржа вчера, недела 12 мај,  во манастирот „Свети Ѓорги“ село Ораовица, радовишко.

Related posts

Милена Стамкова – Библиотекар на годината за 2024

Милена Стамкова – Библиотекар на годината за 2024

јуни 18, 2025
Тимот на ООУ „Ристо Шуклев“ – ПРВО место на Општински натпревар на Црвен крст

Тимот на ООУ „Ристо Шуклев“ – ПРВО место на Општински натпревар на Црвен крст

јуни 17, 2025

Во оваа конкуренција од фолклористи КУД „Негорци“ од Негорци, гевгелиско ја освои наградата што ја доделува стручното жири за „Најдобра автентична народна носија“.

Трофеите за КУД „Негорци“ – Гевгелија од 20 ММИФФ „Велигденски средби“ 2024
  • „Носиите со кои ја игравме кореографијата „Лазаренки“ која потекнува од овој крај, гевгелиско, од селата Петрово и Миравци, ја доби наградата за „Најдобра носија“. Носиите кои ги носеа девојите на настапот се автентични, набавени од овие две села за потребите на КУД „Негорци“, така што некои од нив се стари и 100-на години“ – изјави за GevgelijaNET уметничкиот директор на КУД „Негорци“ Ѓорги Јованов.

Освен кореографијата „Лазаренки“ негорските фолклористи на фестивалската сцена настапија и со две егејски ора „Софка“ и „Саракино“. И овие кореографии беа одиграни со соодветни носии, потенцираше уметничкиот директор Јованов.

КУД „Негорци“ – комплетниот состав заедно со уметничкиот директор Ѓ..Јованов

Инаку на Фестивалот беа доделени и Гран При награда која отиде за членовите на КУД „Панче Пешев“ од Куманово, потоа награда за „Најдобра изведба“ која ја освои КУД „Китка“ од село Истибања и најдобра кореографија за КУД „Калчаник“ од Качаник, Косово.

За нашата македонска автентична народна убавина зборуваат и фотографиите, светот го препознава нашиот колорит, музикален фолклор и со право не’ наградува.

Честитки на КУД „Негорци“ за презентацијата на нашето фолклорно богатство.
Нека е гордост и за селата Петрово и Миравци кои создале, сочувале и негувале со години таква фолкорна автентика.

Наградената носија на КУД „Негорци“ со женскиот дел од ансамблот
ShareTweetShareSend
Previous Post

АК „7 Ноември“ освои 5 подиуми и 4-ри ПРВИ места на трки во Грција

Next Post

Aлександар Груиќ oд Гевгелија освои ЗЛАТО и СРЕБРО на Државното првенство во тенис 2024

Next Post
Aлександар Груиќ oд Гевгелија освои ЗЛАТО и СРЕБРО на Државното првенство во тенис 2024

Aлександар Груиќ oд Гевгелија освои ЗЛАТО и СРЕБРО на Државното првенство во тенис 2024

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Главчев избран за Претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија

Главчев избран за Претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија

2 месеци ago
Тешка сообраќајна несреќа кај „Негорски бањи“

Тешка сообраќајна несреќа кај „Негорски бањи“

4 месеци ago
Денес 20 ноември е Светски ден на детето

Денес 20 ноември е Светски ден на детето

2 години ago
Грчка фирма спречена да прошверцува 4,4 тони дивеч во државата

Грчка фирма спречена да прошверцува 4,4 тони дивеч во државата

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • „За нашите мали херои“ – Хуманитарна акција на Фондацијата „Ице Бегов“
  • Почина српска државјанка на летување во Грција
  • ВИДЕО: Невреме во Скопје, во Велес – поројни води низ улиците

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

„За нашите мали херои“ – Хуманитарна акција на Фондацијата „Ице Бегов“

„За нашите мали херои“ – Хуманитарна акција на Фондацијата „Ице Бегов“

јуни 19, 2025
Почина српска државјанка на летување во Грција

Почина српска државјанка на летување во Грција

јуни 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist