На годинашниот фестивал на производители на ракија „АВАЛА“ што се одржа по втор пат, со намера да стане традиционален, во Србија двајца жители на општина Богданци понесоа ЗЛАТНИ медали за најдобар квалитет на домашно подотвената ракија.
Носители на престижните трофеи „Голем златен медал“ се:
1. ФРАНГОВ ДИМИТАР – ракија произведена од 2019 година со јачина од 40% и оценка од жирито 19,40
2. ФРАНГОВ ДИМИТАР – ракија од 2018 год. со 40% јачина и оценка 19,37, и
3. ВОДАНОВ КОСТАДИН – ракија произведена 1995 година, со јачина 43% и оценка од стручното жири 19,18
Со тоа богданчанецот Франгов Димитар се стекна со две златни медали за ракиите од својот вилает, а Костадин Воданов од Стојаково го следи во квалитетот, јачината, чистотата на ракијата, но со децимална разлика од оценките на жирито.
Тие зад себе ги оставија производителите од Србија и учесниците од други земји, дури и производни дестилерии од Београд, каде работат врвни енолози. Но, мајсторијата на овие нашинсци доаѓа со годините искуство и истенчен осет кога е казанот готов со дестилација, кога е капката легната за мерак уживање.
Минатата година Воданов од Стојаково беше добитник на ТРИ ПРВИ места на фестивал за ракија кој се одржа во Апатин, Србија, едната за производство на ракија од јапонско јаболско и две медали од серијата ракија „лоза“. Значи, добрата капка не му е случајност на Костадин туку посветеност на пронаоѓање на вистинскиот квалитет и бистрост на ракијата од југот.
Костадин Воданов – првиот производител на ракија од јапонско јаболко во Македонија
На вториот „Ракија Фест АВАЛА 2024“ годинава учествуваа производители од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, значи ЕxYU републиките. Организатор на настанот е Здружението „Najjači Ukusi Srbije“, а се одржа во Белград минатата недела.
Освен наградените двајца од општина Богданци учествуваа уште Стратров Коста и Минев Тимчо. Тие освоија 10 и 13-то место за ракија во категоријата „Лоза“ и висок пласман од 5, 6 и 8-мо место во категоријата „Специјална ракија“ за која што организаторот додели Златен и Сребрен медал.
Се’ на се’, производителите на ракија од Богданци освоија ТРИ Големи златни медали, 2 златни медали, еден сребрен и едена бронзен.
Честитки за победниците и промоцијата на вредните производители на добрата капка од југот на Македонија!