Гевгелискиот кошаркарски тим „Кожув“ на натпреварот од полуфиналните серии на „FINAL FOUR“ што се одржа вчера во Гевгелија се избори за пласман за борба за третото место.
Нашите млади кошаркари со настап на овој циклус од првата младинска лига М-18 играа против тимот на „Вардар“ и на паркетот остварија резултат од 74:97 за Вардар. Натпреварот се играше пред бројна публика во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија.
За учество во финалниот натпревар се изборија „Водно Санс“ кој ја победи екипата на „Феникс“, а вториот финалист е „Вардар“.
Вториот натпреварувачки ден е утре, повторно во салата „26 Април“ во Гевгелија каде гевгелиски „Кожуф“ ќе атакува за третото место од Првата младинска лига М-18 против екипата на „Феникс“.
Им посакуваме среќа, брзи нозе на теренот, спретно упатени топки во кошот!