Малолетник со мотор во дворот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ удрил во друго дете на седумгодишна возраст кое се здобило со тешки телесни повреди.
Детето со итна помош прво било однесено во Здравствениот дом во Валандово, а откако му биле утврдени сериозни повредени било префрлено во општата болница во Гевгелија, но и оттаму поади сериозноста на повредите на крајот од денот е донесено во Градската болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
МВР известува дека вчера вторник, на 28.05.2024 околу 13:30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во двор на основно училиште во Валандово, мотоцикл, управуван од малолетник од Валандово, удрил во малолетен пешак од с.Пирава, валандовско.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово.
Увид бил извршен на местото на настанот.