На 7-от ден од пролета, 27 март, денеска на пладне заврна град во Гевгелија.
Бели ледени топчиња со големина на грашок ги покрија дворовите, улиците.
Најавените врнежи од дожд се остварија, но никој не очекуваше градоносни облаци. Природата знае да изненади со своите планови.
Од вчера на планината Кожуф кај Гевгелија заврна нов снег, не само на врвовите, туру и во населбите. Oва е изгледот на Ски Кожуф, снежен со новонаврнат снег.

Планинарските друштва остварија нови пролетни акции во снежни услови на Кожуф. Ова е денешниот изглед на врвот К-92 на Кожуф планина, со повеќе десетици сантиметри нов наврнат снег.



















