сабота, 12, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

Доделени 11 трофеи, плакети, признанија за карате ветеранитe од Гевгелија

Гевгелија се закити со ОСУМ Признанија, меѓу кои ЗЛАТЕН ТРОФЕЈ за посебни заслуги, две ПРИЗНАНИЈА за трајни вредности и пет ПЛАКЕТИ за особен придонес во карате спортот. Беа доделени и ТРИ Дипломи за потврден степен „карате мајстор“

јуни 4, 2024
in МОЗАИК, СПОРТ
Доделени 11 трофеи, плакети, признанија за карате ветеранитe од Гевгелија
0
SHARES
770
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Унијата на карате ветерани на Македонија е асоцијација на каратисти-ветерани активи во минатиот век кои своите спортски вредности уште ги паметат и слават со цел за афирмација и ширење на овој спорт меѓу младите.
Гевгелија има повеќедецениска карате традиција, па и почесно место во оваа асоцијација со изборот на Ристо Котев за претседател на Унијата на ветерани каратисти на Македонија.

На своја трета годишна средба, одржана во Прилеп, во саботата на 1 јуни, Унијата додели признанија, пофалници и трофеи на истакнати спортски имиња во каратето од цела Македонија.

Related posts

Изгоре човек во пожар кај Железничка станица во Ѓорче Петров

Изгоре човек во пожар кај Железничка станица во Ѓорче Петров

јули 7, 2025
Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025

Гевгелија се закити со ОСУМ Признанија, меѓу кои ЗЛАТЕН ТРОФЕЈ за посебни заслуги, две ПРИЗНАНИЈА за трајни вредности и пет ПЛАКЕТИ за особен придонес во карате спортот. Беа доделени и ТРИ Дипломи за потврден степен „карате мајстор“.

Носители на признанијата се карате ветераните:

ЗЛАТЕН ТРОФЕЈ – единствен доботник
1. МАРЈАН СВИЛЕЧИЌ – постхумно

„За остварени трајни вредности во пренесување на личното знаење низ тренажниот процес, придонесот за омасовувањето на SHOTOKАN школата, лидерството, развојот и афирмацијата на карате-до во Македонија“ – спои наведено на ТРОФЕЈНАТА почесна ЗЛАТНА награда.

ЗЛАТЕН ТРОФЕЈ за Марјан Свилечиќ – постхумно доделен

ПРИЗНАНИЕ ЗА ТРАЈНИ ВРЕДНОСТИ
1. Борче Алексовски и
2. Ристо Брзанов

ПЛАКЕТА ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС
1. Ѓоргија Трајковски,
2. Никола Ќуркчиев,
3. Данчо Дојранлиев – постхумно,
4. Ѓорге Зајков, и
5. Перо Мојсов

ДИПЛОМА за потврден степен „карате мајстор“
1. Ѓорге Зајков – 2-ри дан црн појас,
2. Перо Мојсов – 2-ри дан црн појас
3. Ристо Котев – 7th – Shichidan

Го запрашавме најистакнатиот по функција карате ветеран од Гевгелија Ристо Котев, за значењето на карате спортот кај нас во Гевгелија и доделените признанија.

Ристо Котев: За успесите на каратето во Гевгелија и за долгата над педесет годишна историја има многу да се зборува почнувајќи од нас кои се вбројуваме во условно кажано втората генерација, па се’ до пионерите кои токму денес, под водство на Ристо Брзанов, се во Турција на Балканско првенство.
Карате почетоците во Гевгелија се поклопуваат со карате почетоците во Македонија. Пролетта 1968 година под покровителство на тогашна СОФК-а (Фојуз за физичка култура) на Македонија делегација од Македонија оди на Конгрес во Белград, меѓу кои и претставниците на џудо сојузот. Таму проф. Атанас Кајчевски и Сејдо Теолофиловски се среќаваат со еден нов спорт, карате. По враќањето се организираат да ја пренесат оваа вештина во Македонија. Така есента 1968 година во Скопје го одржуваат првиот организиран тренинг и тоа се зачетоците на каратето во Македонија.

Сам против двајца – од фото архивата на Ѓорге Зајков од Гевгелија

GevgelijaNET: На Вашата трета средба на карате ветераните највисока награда-признание добива Марјан Свилечиќ од Гевгелија и спомнато е дека тој за само два месеци регрутирал илјадници деца во Гевгелија и Скопје кои се приклучиле да тренираат карате, за што добил и „7мо Ноемвриска награда“ од општина Гевгелија. Сето тоа било во далечната 1967 година. Се сеќавате ли на тие почетоци, веројатно како дете, јуниор во карате тимот на Гевгелија?

Ристо Котев: Паралелно и независно од почетоците на каратето во Македонија, истовремено Марјан Свилечиќ се запознава со каратето и тренира во Панчево. И тој, по враќањето во Гевгелија, во рамките на џудо секцијата во ДТВ „Партизан“ почнува со карате тренинзи. Прв му се приклучува Ѓорѓе Зајков, а потоа и Данчо Дојранлиев, Венци Стоев, Коце Трајков, џудистот Тони Попов и многу други, така да на фудбалското игралиште на градскиот стадион се одржува, воопшто во Македонија, првата масовна карате демонстрација.

Карате демонстрација на Градскиот стадион во Гевгелија – 60-те години на XX век

Во формираните карате секции во Скопје тренираат и средношколци од Гевгелија, како што се Ѓоргија Трајковски и Никола Ќуркчиев.

GevgelijaNET: Свилечиќ веќе не е меѓу нас, наградата ЗЛАТЕН ТРОФЕЈ за трајни врености е доделена постхумно, а сеќавањата се и ценети и незаборавни, еве веќе речиси деценија по неговото заминување. Убави сеќавања за него беа изречени и од претставниците на Унијата. Да ги слушнеме.

– „За Марјан Свилетиќ, повеќекратен шампион на Македонија во лесна категорија и Југословенски репрезентативец во карате. Марјане, слава ти! – изјави претставник на Унијата на ветерани каратисти на Македонија.

Ова се навистина вредни моменти за спортистите кои ја празнеле својата младешка сила на душеците за тренинг, за натпреварувања, за спортски дефилеа. Сигурно полни со емоции за едно младешко и вредно спортско време, кое сега продолжува со младите крате сили на КК „Армор“ од Гевгелија.

Првите каратисти од Гевгелија биле неуморни во својата промоција на спортот карате – со спортско дефиле на градскиот стадион во Гевгелија, со боречки потези и фото сесии на Вардарски рид, со многу ентузијазам и посветеност кон спортот.

Прв од лево годе Данчо Дојранлиев, до него Марјан Свилечиќ, Ристо Котев доле десно, снимени на Вардарски рид, кај Гевгелија
Удар со нога на Ѓорге Зајков, снимен на терасата од мотел „Вардар“
Данчо Дојранлиев во карате борба на Вардарски рид
Карате тимот на Гевгелија растел со годините со нови членови

На ветераните им ги честитаме заслужените признанија!
На новите карате сили на Гевгелија упатуваме повеќе потстрек во својот спортски напредок кон врвот!

Од фото архивата на Ристо Котев
ShareTweetShareSend
Previous Post

ФК „Кожуф“ генерација 2012 – ТРЕТО место на Детската лига на Македонија

Next Post

Топол јунски ден во Гевгелија

Next Post
Топол јунски ден во Гевгелија

Топол јунски ден во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгелискиот тенисер Александар Грујиќ и млади МК тенисери на тениски камп во Анталија

Гевгелискиот тенисер Александар Грујиќ и млади МК тенисери на тениски камп во Анталија

1 година ago
Јован од Гевгелија по трет пат прогласен за „Најдобар стрелец“ на турнир во Грција

Јован од Гевгелија по трет пат прогласен за „Најдобар стрелец“ на турнир во Грција

2 месеци ago
Скокна минималниот износ за К-15 – колкав регрес за годишен одмор им следува на работниците годинава?

Скокна минималниот износ за К-15 – колкав регрес за годишен одмор им следува на работниците годинава?

2 години ago
Мали Oлимписки игри  за основни училишта во Богданци, Дојран и Валандово

Мали Oлимписки игри за основни училишта во Богданци, Дојран и Валандово

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ
  • Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог
  • Почина Борис Дојранлиев (1959-2025)

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025
Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

јули 11, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist