Турнирот на Европската тениска асоцијација за јуниори до 16 години, „Tennis Europe U16“ се одигра вчера и денеска во Кавадарци, на терените на тенискиот клуб „Црна Река“.
Овде најтрофејниот гевгелиски тенисер јуниор Александар Груиќ го освои ТРЕТОТО место во двојки со својот дабол партнер Стефанов Кристијан од Бугарија.
За пласман во полуфинале Александар и Кристијан ја победија претходно тениската двојка составена од Максимилијан Алексовски (MKD) и Давид Теофиловиќ (SRB).
Напоредно со натпреварите во двојки, Александар настапи и во поединечна конкуренција. Во сингл Александар Груиќ (MKD) стаса до осминафинале победувајќи го со 2:0 во сетови Максимилијан Хајчик од Германија (6:3 и 6:4), но во следниот меч со Оливер Крупа од Полска заврши со резултат 3:6, 7:5 и 2:6.
Ова значеше 9-то место за Александар во сингл конкуренција од вкуно 48 натпреварувачи од Македонија и земјите од Европа.
Ова е повторно голем успех на гевгелискиот 14 годишен тенисер кој рекетот го вкрсти и со повозрасни од себе, а сепак успехот е видлив со освоен подиум за ТРЕТО место во дабл конкуренција.
Браво Александар! Продолжи кон врвот!